Олга Георгиева, професионално позната како Соња Монина (украински: Соня Моніна; родена на 29 декември 1988 година во Брест, Белорусија, СССР) е украински моден и дизајнер по нарачки. Таа е основач на SONYAMONINA, марка на машка облека со седиште во Киев.[1][2] Нејзините колекции се прикажани во Украина, Белорусија, Русија и Словачка.[3][4][5] Нејзините дизајни редовно се прикажуваат за време на Украинската модна недела.

Соња Монина
Роден(а)Олга Георгиева
29 декември 1988(1988-12-29)(35 г.)
НационалностУкраинка
ОбразованиеКиевски универзитет за технологија и дизајн
ЗанимањеМоден дизајнер

Заднина

уреди

Олга Георгиева е родена на 29 декември 1988 година во Брест. На 5-годишна возраст, таа се преселила во Симферопол со своето семејство. Во 2006 година, таа започнала да студира „Дизајн на производи од кожа“ на Националниот универзитет за технологија и дизајн во Киев. Во 2012 година, таа создала свој бренд за машка облека, SONYAMONINA. Во 2013 година, Монина ја претставила својата деби-колекција во рамките на Украинската модна недела.[6][7][8] Во 2015 година, таа ја претставила својата колекција за пролет/лето 2016 во рамките на Белоруската модна недела.[9] Во 2016 година, таа ги претставила своите колекции на „Фестивалот на млади модни дизајнери“ во Москва. Во 2018 година, таа ја претставила својата колекција лето 2019 година во Националниот музеј за уметност и култура „Мистетски Арсенал“ во рамките на Украинската модна недела.[10][11] Таа била номинирана за „Награда за најдобар дизајнер за машка облека“ на Наградите за најдобра мода 2019 во Украина.[12][13] Монина е исто така дизајнер по своја желба/нарачка. Меѓу познатите клиенти со кои работела, меѓу другите биле и Оскар Кучера, Виталиј Козловски, Кише, Пјер Нарсис, Антон Зацепин и Олександр Моторњи.[1][14][15]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Придумано в Крыму: одежда будущего от Сони Мониной“. crimea.mk.ru.
  2. „Sonya Monina – Coco Chanel нашего времени! - Starlife - Звёздная жизнь“. starlife.com.ua. Архивирано од изворникот на 2021-08-02. Посетено на 2021-09-30.
  3. „SONYA MONINA в рамках Ukrainian Fashion Week представит свою новую мужскую коллекцию сезона весна/лето 2014“. blogs.korrespondent.net.
  4. „Літо кличе: модний перформанс від SONYA MONINA – Lucky Ukraine“.
  5. „⛱ Summer vibes by Sonya Monina: modnyj performans“. Na chasi. July 13, 2021.
  6. „Сабрина отжигала на яхте за $ 3 млн. и в платье от Sonya Monina - Starlife - Звёздная жизнь“. starlife.com.ua. Архивирано од изворникот на 2021-08-02. Посетено на 2021-09-30.
  7. „Украинская Неделя Моды: где и когда будет проходить“. korrespondent.net.
  8. „Sonya Monina (Соня Монина) — история украинского дизайнерского лейбла мужской одежды, аксессуаров с оригинальным кроем. Где купить, адреса магазинов в Украине | Ves4i.com.ua - официальный сайт в Украине“. ves4i.com.ua.
  9. „SONYA MONINA | Участники | Off Schedule BFW | Неделя моды в Беларуси | Belarus Fashion Week“. www.bfw.by.
  10. „Ukrainian Fashion Week: дизайнери показали, яким бачать українського модника (відео)“. www.unian.ua.
  11. „Третий день Ukrainian Fashion Week SS-2020: космические презентации и экологичный подход | HOCHU.UA“. hochu.ua.
  12. Forrest, Steve (November 26, 2019). „The winners of the Best Fashion Awards 2019 | What's On“. whatson-kyiv.com.
  13. „Назовут лучших дизайнеров. Стали известны номинанты украинской премии в сфере моды Best Fashion Awards 2019“. life.nv.ua.
  14. „Ведучий наймужнішого каналу України вийде на подіум UFW“. ТСН.ua.
  15. „Соломія Вітвіцька вперше показала ескізи своєї весільної сукні та костюму її нареченого“. ТСН.ua.