Социјални емоции
Социјални емоции се емоции кои зависат од мислите, чувствата или постапките на други луѓе, „како што ќе се доживеат, сеќаваат, очекуваат или замислуваат од лично искуство“.[1][2] Примери за социјалните емоции се срам, вина, љубомора, завист, воздигнување, емпатија и гордост.[3]
Основни емоции како среќа и тага бараат само свесност за сопствената физичка состојба, наместо свестност за состојбата на другите луѓе. Затоа, развојот на социјалните емоции е тесно поврзан со развојот на социјалното сознание, способноста да се замислат менталните состојби на другите луѓе, што генерално се развива во адолесценцијата.[4][5] Истражувања во ова поле покажаа дека дури и мали деца, на возраст од 2 до 3 години, можат да изразат емоции што личат на вина[6] и каење.[7] Меѓутоа, иако петгодишни деца се способни да замислат ситуации во кои би се почувствувале основните емоции, способноста да се опишат ситуации во кои би можеле да се доживеат социјалните емоции се појавува дури на седумгодишна возраст.[8]
Луѓето не само што можат да споделуваат емоции со другите, туку можат да доживеат и слично физиолошко возбудување со другите ако чувствуваат социјална поврзаност со другата личност. Една лабораториска студија од Цвир, Кар, Валтон и Спенсер (2011) покажа дека, кога учесникот почувствувал чувство на социјална поврзаност со странец (истражувачка конфедерат), учесникот доживеал слични емоционални состојби и физиолошки реакции на оние кои ги имал странецот, додека учесникот го набљудувал странецот како врши стресна задача.[9]
Социјалните емоции понекогаш се нарекуваат морални емоции, бидејќи тие играат клучна улога во моралот и донесувањето на морални одлуки.[10] Во невроекономијата, интердисциплинарно поле кое се обидува да го објасни човечкото одлучување, улогата што ја играат социјалните емоции во теоријата на игри и економското донесување одлуки штотуку почнува да се истражува.[11]
Бихејвиорална невронаука
уредиОткога функционалното снимање - особено функционалното магнетно резонантно снимање (fMRI) - станало популарно пред околу една деценија, истражувачите почнале да го проучуваат економското одлучување со новата технологија. Ова им овозможува на истражувачите да ја истражат улогата што ја играат емоциите во донесувањето одлуки на невролошко ниво.
Развојна слика
уредиСпособноста да се опишат ситуации во кои ќе се доживее социјална емоција се појавува кај деца на околу 7-годишна возраст.[8] Во адолесценција, искуството на социјалните емоции веќе проникнува во секојдневната социјална размена.[12][13] Истражувањата кои користат fMRI откриле дека различни мозочни региони се вклучени кај различни возрасни групи при извршување на социјално-когнитивни и социјално-емоционални задачи. Областите на мозокот, како медијалниот префронтален кортекс (MPFC), супериорен темпорален сулкус (STS), мозочните полутопки и прекунеусот, кој се граничи со задниот цингулат, се активираат и кај возрасните и кај адолесцентите кога тие размислуваат за намерноста на другите, но медијалниот PFC повеќе е активиран кај адолесцентите, а десната СТС повеќе е активирана кај возрасните.[14] Слични ефекти беа пронајдени и кај помлади учесници, така што, кога учесниците извршуваат задачи кои вклучуваат теорија на умот, зголемена возраста е поврзана со зголемување на активирањето во дорзалниот дел на MPFC, а намалување на активноста во вентралниот дел на MPFC исто така беше забележана.[15]
Истражувањата кои ги споредуваат возрасните со адолесцентите кога доаѓа до нивното процесирање на основните и социјалните емоции, исто така, укажуваат на развојни промени во вклучените области на мозокот. Во споредба со адолесцентите, кај возрасните левата мозочна полутопка има посилна активност кога читаат приказни кои предизвикуваат социјални емоции.[16] Се смета дека темпоралните полови складираат апстрактно општествено знаење.[17][18] Ова сугерира дека возрасните би можеле почесто од адолесцентите да користат социјално семантичко знаење кога размислуваат за социјално-емоционални ситуации.[16]
Невроекономија
уредиИстражувачите за да ја истражат функцијата на социјалните емоции во економското однесување, ги проучуваат разликите во вклучените мозочни региони кога учесниците си играат со, или мислат дека си играат со друго лице, наместо да си играат со, или да мислат дека си играат со компјутер.
Едно истражување со fMRI покажа дека кај учесниците кои имаат тенденција да соработуваат на игри кои се играат од двајца играчи и се базирани на „доверба и реципроцитет“, верувањето дека играат со друг учесник го активира префронталниот кортекс, а верувањето дека си играат со компјутер не го активира овој дел од мозокот.[19] Оваа разлика не беше забележана кај играчите кои имаат тенденција да не соработуваат.[19] Авторите ја толкуваат оваа разлика како теоријата на умови што соработниците ја користат за да ги предвидат стратегиите на противниците. Ова е еден пример за тоа како социјалното одлучување се разликува од други форми на носење на одлуки.
Кај економијата на однесувањето, клучна критика е дека луѓето не секогаш дејствуваат на целосно рационален начин, како што претпоставуваат многу економски модели.[20][21][22]
На пример, во ултиматум играта, двајца играчи треба да поделат одредена x сума пари. Еден играч, наречен предлагач, одлучува сооднос по кој се делат парите. Другиот играч, наречен одговарач, одлучува дали да ја прифати понудата на предлагачот или не. Ако одговарачот ја прифати понудата на у сума пари, тогаш предлагачот добива х-у износ, а оној што одговара добива у. Но, ако одговарачот одбие да ја прифати понудата, двајцата играчи не добиваат ништо. Оваа игра е широко изучувана во економијата на однесувањето. Според моделот рационален агент, најрационалениот начин на кој може предлагачот да дејствува е да го направи y што е можно помал, а најрационален начин на кој може одговарачот да дејствува е да ја прифати понудата, бидејќи мала сума на пари е подобра од ништо. Сепак, овие експерименти покажуваат дека предлагачот и одговарачот дејствуваат различно од она кое се смета за рационално. Предлагачите имаат тенденција да понудат 40% од x, а понудите под 20% се отфрлени од одговарачите.[23] Користејќи fMRI скенирање, истражувачите открија дека социјалните емоции предизвикани од понудите може да играат улога во објаснувањето на резултатот. Кога понудите се сметани за неправедни, активни се три региони на мозокот: дорсолатералниот префронтален кортекс (DLPFC), предниот цингуларен кортекс (ACC) и инсулата. Инсулата е активна во регистрирањето на непријатност во телото. Се активира во повеќе случаи, еден од кои е кога луѓето чувствуваат социјална исклученост.[24] Авторите ја толкуваат активноста во инсулата како аверзивна реакција што ја чувствуваат луѓето кога ќе се соочат со неправедност, активност во DLPFC како начин на процесирање на идната награда, односно задржувањето на парите, а ACC е арбитер кој ги мери овие два спротивставени инпута за да донесе одлука. Дали понудата ќе биде одбиена или не, може да се предвиди (со корелација од 0,45) според нивото на активноста на инсулата на одговарачот.[11]
Проучувањата на невроекономијата и социјалните емоции се тесно поврзани и со проучувањето на казнувањето. Истражувањето со помош на ПЕТ скенирање покажа дека, кога играчите ги казнуваат другите играчи, се активира активноста во акумбенс јадрото (дел од стриатумот), регион познат по обработката, односно процесирањето, на наградите добиени од акциите.[25][26] Тоа покажува дека не само што се чувствуваме повредени кога сме жртви на неправедност, туку сме и психолошки наградни ако го казниме сторителот, дури и по цена на нашата сопствена корист.
Социјален или морален аспект
уредиНекои социјални емоции се нарекуваат и морални емоции поради тоа што играат клучна улога во моралот.[10] На пример, вината е непријатноста и каењето што човек ги чувствува поради неморалното или погрешното дело кое тој го извршил.[27] Вината е социјална емоција, бидејќи потребна е перцепција дека друга личност е повредена од овој чин за да се чувствува вината од страна на сторителот на повредливиот чин. Вината исто така има импликација во моралот, така што виновниот, поради чувството на вознемиреност и каење, ја прифаќа одговорноста за погрешното дело, што може да предизвика желба да се поправи или да се казни себеси.[28]
Не сите социјални емоции се морални емоции. Гордоста, на пример, е социјална емоција која вклучува восхитување на другите луѓе. Но, истражувањето на улогата што таа ја игра во моралното однесување дава проблематични резултати.[10]
Емпатичен одговор
уредиЕмпатијата е дефинирана од Ајзенберг и колегите како афективен одговор кој произлегува од разбирањето на туѓата емоционална состојба и е слична на она што другата личност го чувствува или би се очекувало да го почувствува.[29] Вината, која е социјална емоција со силна морална импликација, силнo корелира со емпатичната реакција; додека срамот, емоција со помалку морална конотација, е негативно корелирана со емпатичната реакција, кога се контролира вината.[28]
Воочената контролираност, исто така, игра важна улога во модулирањето на социо-емоционалните реакции и емпатичните одговори на луѓето.[30] На пример, учесниците кои треба да ги оценат академските перформанси на другите луѓе имаат поголема веројатност да назначат казни за оние луѓе кај кои лошата перформанса се толкува како резултат на низок напор, наспроти како резултат на ниска способност.[31] Стигмите, исто така, предизвикуваат повеќе емпатичен одговор кога се перципираат како неконтролирани (т.е. имаат биолошко потекло, на пример страдањето од одредена болест), за разлика од контролираните (т.е. имаат потекло од однесувањето, на пример дебелината).[32]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Shlomo Hareli; Brian Parkinson. „What's Social About Social Emotions?“ (PDF). research.haifa.ac.il. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-21. Посетено на 6 January 2017.
- ↑ Stephanie Bernett; Geoffrey Bird; Jorge Moll; Chris Frith; Sarah-Jayne Blakemore (September 2009). „Development during Adolescence of the Neural Processing of Social Emotion“. Journal of Cognitive Neuroscience. 21 (9): 1736–50. doi:10.1162/jocn.2009.21121. PMC 4541723. PMID 18823226.
- ↑ Lewis, Michael. Shame: the exposed self. New York: Free Press;, 1992. 19. Print.
- ↑ Inhelder, B., & Piaget, J. (1958). The Growth of Logical Thinking from Childhood to Adolescence. New York, USA: Basic Books.
- ↑ Wainryb, C.; Shaw, L. A.; Maianu, C. (1998). „Tolerance and intolerance: Children's and adolescents' judgments of dissenting beliefs, speech, persons, and conduct“. Child Development. 69 (6): 1541–1555. doi:10.1111/j.1467-8624.1998.tb06176.x. PMID 9914639.
- ↑ Zahn-Waxler C, Robinson J. 1995. Empathy and guilt: early origins of feelings of responsibility. In Self-Conscious Emotions ed. JP Tangney, KW Fischer, pp. 143–73. New York: Guilford
- ↑ Stipek, Deborah J; J. Heidi Gralinski; Claire B. Kopp (Nov 1990). „Self-concept development in the toddler years“. Developmental Psychology. 26 (6): 972–977. doi:10.1037/0012-1649.26.6.972.
- ↑ 8,0 8,1 Harris, P.L; Olthof, K.; Terwogt, M. M.; Hardman, C. C. (September 1987). „Children's Knowledge of the Situations that Provoke Emotion“. International Journal of Behavioral Development. 3. 10 (3): 319–343. doi:10.1177/016502548701000304.
- ↑ Cwir, D.; Carr, P. B.; Walton, G. M.; Spencer, S. J. (2011). „Your heart makes my heart move: Cues of social connectedness cause shared emotions and physiological states among strangers“. Journal of Experimental Social Psychology. 47 (3): 661–664. doi:10.1016/j.jesp.2011.01.009.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Eisenberg, Nancy (February 2000). „Emotions, Regulations and Moral Development“. Annual Review of Psychology. 51 (1): 665–697. doi:10.1146/annurev.psych.51.1.665. PMID 10751984.
- ↑ 11,0 11,1 Sanfey, A. G.; James K. Rilling1; Jessica A. Aronson; Leigh E. Nystrom1; Jonathan D. Cohen (13 June 2003). „The Neural Basis of Economic Decision-Making in the Ultimatum Game“. Science. 300 (5626): 1755–1758. Bibcode:2003Sci...300.1755S. doi:10.1126/science.1082976. PMID 12805551.
- ↑ Zeman, J.; Cassano, M.; Perry-Parrish, C.; Stegall, S. (2006). „Emotion regulation in children and adolescents“. Journal of Developmental & Behavioral Pediatrics. 27 (2): 155–168. doi:10.1097/00004703-200604000-00014. PMID 16682883.
- ↑ Elkind, David; Bowen, Robert (1 January 1979). „Imaginary audience behavior in children and adolescents“. Developmental Psychology. 15 (1): 38–44. doi:10.1037/0012-1649.15.1.38.
- ↑ Blakemore, S.-J.; den Ouden, H.; Choudhury, S.; Frith, C. (1 June 2007). „Adolescent development of the neural circuitry for thinking about intentions“. Social Cognitive and Affective Neuroscience. 2 (2): 130–139. doi:10.1093/scan/nsm009. PMC 1948845. PMID 17710201.
- ↑ MORIGUCHI, YOSHIYA; OHNISHI, TAKASHI; MORI, TAKEYUKI; MATSUDA, HIROSHI; KOMAKI, GEN (1 August 2007). „Changes of brain activity in the neural substrates for theory of mind during childhood and adolescence“. Psychiatry and Clinical Neurosciences. 61 (4): 355–363. doi:10.1111/j.1440-1819.2007.01687.x. PMID 17610659.
- ↑ 16,0 16,1 Burnett, S; Bird, G; Moll, J; Frith, C; Blakemore, SJ (September 2009). „Development during adolescence of the neural processing of social emotion“. Journal of Cognitive Neuroscience. 21 (9): 1736–50. doi:10.1162/jocn.2009.21121. PMC 4541723. PMID 18823226.
- ↑ Frith, C. D (29 April 2007). „The social brain?“. Philosophical Transactions of the Royal Society B: Biological Sciences. 362 (1480): 671–678. doi:10.1098/rstb.2006.2003. PMC 1919402. PMID 17255010.
- ↑ Zahn, R.; Moll, J.; Krueger, F.; Huey, E. D.; Garrido, G.; Grafman, J. (10 April 2007). „Social concepts are represented in the superior anterior temporal cortex“. Proceedings of the National Academy of Sciences. 104 (15): 6430–6435. Bibcode:2007PNAS..104.6430Z. doi:10.1073/pnas.0607061104. PMC 1851074. PMID 17404215.
- ↑ 19,0 19,1 McCabe, K. (2001-09-25). „A functional imaging study of cooperation in two-person reciprocal exchange“. Proceedings of the National Academy of Sciences. 98 (20): 11832–11835. Bibcode:2001PNAS...9811832M. doi:10.1073/pnas.211415698. PMC 58817. PMID 11562505.
- ↑ Kahneman, Daniel (Dec 2003). „Maps of Bounded Rationality: Psychology for Behavioral Economics“. The American Economic Review. 93 (5): 1449–1475. CiteSeerX 10.1.1.194.6554. doi:10.1257/000282803322655392. JSTOR 3132137.
- ↑ Kahneman, Daniel; Jack L. Knetsch; Richard H. Thaler (Winter 1991). „Anomalies: The Endowment Effect, Loss Aversion, and Status Quo Bias“. The Journal of Economic Perspectives. 5 (1): 193–206. doi:10.1257/jep.5.1.193. JSTOR 1942711.
- ↑ Ellsberg, Daniel (Nov 1961). „Risk, Ambiguity, and the Savage Axioms“ (PDF). The Quarterly Journal of Economics. 75 (4): 643–669. doi:10.2307/1884324. JSTOR 1884324.
- ↑ Camerer, Colin F. (2003). Behavioral game theory experiments in strategic interaction. New York [u.a.]: Russell Sage [u.a.] ISBN 978-0-691-09039-9.
- ↑ Eisenberger, N. I. (10 October 2003). „Does Rejection Hurt? An fMRI Study of Social Exclusion“. Science. 302 (5643): 290–292. Bibcode:2003Sci...302..290E. doi:10.1126/science.1089134. PMID 14551436.
- ↑ O'Doherty, J. (16 April 2004). „Dissociable Roles of Ventral and Dorsal Striatum in Instrumental Conditioning“. Science. 304 (5669): 452–454. Bibcode:2004Sci...304..452O. doi:10.1126/science.1094285. PMID 15087550.
|hdl-access=
бара|hdl=
(help) - ↑ de Quervain, D. J.-F. (27 August 2004). „The Neural Basis of Altruistic Punishment“. Science. 305 (5688): 1254–1258. Bibcode:2004Sci...305.1254D. doi:10.1126/science.1100735. PMID 15333831.
- ↑ Ferguson TJ, Stegge H. 1998. Measuring guilt in children: a rose by any other name still has thorns. In Guilt and Children, ed. J Bybee, pp. 19–74. San Diego: Academic
- ↑ 28,0 28,1 Tangney, June P. (1 January 1991). „Moral affect: The good, the bad, and the ugly“. Journal of Personality and Social Psychology. 61 (4): 598–607. doi:10.1037/0022-3514.61.4.598. PMID 1960652.
- ↑ Eisenberg, Nancy; Fabes, Richard A.; Murphy, Bridget; Karbon, Mariss; и др. (1 January 1994). „The relations of emotionality and regulation to dispositional and situational empathy-related responding“. Journal of Personality and Social Psychology. 66 (4): 776–797. doi:10.1037/0022-3514.66.4.776. PMID 8189352.
- ↑ Weiner, Bernard (2006). Social motivation, justice, and the moral emotions : an attributional approach. Mahwah, NJ [u.a.]: Lawrence Erlbaum Associates. ISBN 978-0-8058-5526-5.
- ↑ Weiner, Bernard (1 January 1985). „An attributional theory of achievement motivation and emotion“. Psychological Review. 92 (4): 548–573. doi:10.1037/0033-295X.92.4.548. PMID 3903815.
- ↑ Weiner, Bernard; Perry, Raymond P.; Magnusson, Jamie (1 January 1988). „An attributional analysis of reactions to stigmas“. Journal of Personality and Social Psychology. 55 (5): 738–748. doi:10.1037/0022-3514.55.5.738. PMID 2974883.
Дополнителна литература
уреди- Економија и психологија ветувачко ново крос-дисциплинарно поле. Кембриџ, Мас. MIT Press. 2007. ISBN 978-0-262-06263-3.http://econpapers.repec.org/bookchap/mtptitles/0262062631.htm
- Емоционален, регулациски и морален развој. Ненси Ајзенберг. http://psych.colorado.edu/~tito/sp03/7536/Eisenberg_2000.pdf Архивирано на 3 април 2018 г.
- Вајнер, Бернард (2006). Социјална мотивација, правда и морални емоции: атрибутивен пристап. Махвах, Њу Џерси [у.а.]: Лоренс Ерлбаум соработници. ISBN 0-8058-5526-2.