Завист
Завист — емоција која се јавува кога една личност ќе почувствува дека не поседува одредена супериорна одлика, достигнување или предмет кои ги има друго лице или група, и или сака да ги има или посакува другиот да ги нема.[1]
Аристотел зависта ја дефинирал како болка од гледање на туѓата среќа, поттикната од „оние што го имаат она што ние треба да го имаме“.[2] Бертранд Расел рекол дека зависта е една од најмоќните причини за несреќа.[3]
Видови на завист
уредиВо холандскиот јазик се прави разлика помеѓу „добронамерна завист“ (benijden на холандски) и „злонамерна завист“ (afgunst), но не сите се согласуваат дека тие треба да се третираат како посебни емоции.[4] Злонамерната завист се смета како непријатна емоција при што завидливата личност посакува патење на другата личност, не водејќи притоа сметка за цената која би ја платиле за тоа. Добронамерната завист е признавање и прифаќање дека другиот е подобар, но ја поттикнува личноста да се стреми да бидат исто толку добри. Добронамерната завист е сè уште негативна емоција затоа што ја тера личноста да се чувствува непријатно.[5][6]
Шери Туркл смета дека појавата на друштвените мрежи и селфи културата создаваат чувство на „самозавист“ кај корисниците.[7] Зависта и ситењето имаат паралелни структури како емоции.[8][9]
Надминување
уредиЗависта негативно влијае на блискоста и задоволството на односите со луѓето. Надминувањето на зависта е слично со справувањето со други негативни емоции (лутина, огорченост, итн.). Лицата кои чувствуваат гнев често бараат професионална помош (управување со гневот) за да разберат зошто така се чувствуваат и како да се справат. Оние кои чувствуваат завист имаат искривена перцепција за тоа како да постигнат вистинска среќа. Ако успеат да ги променат овие перцепции, завидливите луѓе ќе можат да го сфатат вистинското значење на среќата и задоволството од она што го имаат.[10]
Религиозни погледи
уредиВо будизмот
уредиВо будизмот, терминот иршја најчесто се преведува како завист или љубомора. Иршја е дефинирана како состојба на умот во која некој е занесен да се стекне со богатство и чест, но не може да ја трпи одличноста на другите.
Терминот мудита (сочувствување на радост) се дефинира како радување за среќата на другите. Оваа доблест се смета за противотров на зависта и спротивна на ситењето.
Во христијанството
уредиВо Стариот и Новиот завет има различни описи на зависта и настани поврзани со неа.
Зависта е еден од седумте смртни гревови. Според Битието, зависта го натерала Каин да го убие својот брат Авел, затоа што Каин му завидувал на Авел дека Бог ја предпочитал жртвата на Авел пред неговата.
Зависта се смета дека лежи во основата на напорниот труд и стекнатите вештини кај луѓето.[11] На пример, луѓето ќе одберат занимања со кои би можеле да стекнат богатство, слава и задоволства да ги достигне или своите соседи. Зависта е затоа грев длабоко вкоренет во човечката природа.[11] Се јавува кога на човекот му недостигаат некои работи, околност што се јавува кога Бог не му ги дарувал или кога дарбата од Бога била искористена за сопствени себични страсти и задоволства.[12]
Зависта може да се чувствува поради богатството [13] (Филистејците му завидувале на Исак),[14] сјајот на богатството, моќта и убавината (Другите кралства му завидувале на Кралството Асирија),[15] политичкиот и воениот подем (Саул му завидувал на Давид од моментот кога ја слушнал женската песна на радост),[16] плодност (Рахела ѝ завидувала на Леа),[17] социјален подем (на Јосиф му завидувале неговите браќа),[18][19] бројни чуда и исцелувања (на апостолите им завидувале првосвештеникот и садукеите),[20] популарност (неверните евреи од Антиохија им завидувале на Павле и Варнава),[21] доблести и вистинска моќ да лекува, да прави чуда и да ги поучува луѓето (првосвештениците му завидувале на Исус).[22][23]
Ослободувањето од завист е најважен услов на патот кон спасение.[24][25][26] Апостол Павле ја гледа зависта како вистинска опасност, дури и кај првите христијански заедници.[27][28] Според зборовите на апостол Павле, зависта како грев треба да остане во минатото, поразена од Божјото слово,[29][30] кое во десеттата заповед забранува да се посакуваат работите на ближниот, жената и слугите,[31][32] и поттикнува да се радуваме со оние кои се радуваат и да плачеме со оние што плачат [33] и да ги сакаме ближните како себеси.[34] Затоа што братската, христијанска љубов засекогаш ја исфрла зависта од срцата.[35]
Во исламот
уредиВо исламот, зависта (на арапски: Хасад حسد ) е нечистотија на срцето и може да уништи нечии добри дела. Човекот мора да се задоволи Божјата волја и да верува во правдата на Создателот.
Мухамед рекол: „Не завидувајте си меѓусебе, не мразете се, не се спротивставувајте еден на друг и не прекинувајте ги односите, туку бидете слуги на Аллах како браќа. Не е дозволено муслиман да се одвои од брат му повеќе од три дена, на начин што кога ќе сретнат едниот го игнорира другиот, а подобар е оној што ќе го иницира селамот“. Сахих ал-Бухари, Сахих Муслим.
Муслиманот може да си посака благослов каков што има некој друг, без да сака да му се одземе на другиот. Ова е дозволено и не се нарекува Хасад, а се нарекува гибта.
Поврзано
уреди- Љубомора
- Седум смртни гревови
- Огорченост
- Самозавист
- Злоба
- Завист кон пенис[36]
- Натпреварување
Наводи
уреди- ↑ Parrott, W. G.; Smith, R. H. (1993). „Distinguishing the experiences of envy and jealousy“. Journal of Personality and Social Psychology. 64 (6): 906–920. doi:10.1037/0022-3514.64.6.906. PMID 8326472.
- ↑ Rhetoric By Aristotle
- ↑ Russell, Bertrand (1930). The Conquest of Happiness. New York: H. Liverwright.
- ↑ Evans Ogden, Lesley (11 September 2021). „The two sides of envy at work“. Knowable Magazine. doi:10.1146/knowable-091021-2. Посетено на 13 September 2021.
- ↑ van de Ven N; и др. (2009). „Leveling up and down: the experiences of benign and malicious envy“. Emotion. 9 (3): 419–29. doi:10.1037/a0015669. PMID 19485619.
- ↑ „Why Envy Motivates Us“. 2011-05-31.
- ↑ Sherry Turkle (2017). Alone Together: Why We Expect More from Technology and Less from Each Other. Basic Books. ISBN 978-0-465-09366-3.
- ↑ „Emotional Competency - Envy“. emotionalcompetency.com.
- ↑ „LNCS 7403 - The Hourglass of Emotions“ (PDF). Sentic.net. Посетено на 2017-05-28.
- ↑ Lazarus, R. S. (2006). „Emotions and Interpersonal Relationships: Toward a Person-Centered Conceptualization of Emotions and Coping“. Journal of Personality. 74 (1): 9–46. doi:10.1111/j.1467-6494.2005.00368.x. PMID 16451225.
- ↑ 11,0 11,1 „Ecclesiastes 4.4 ESV - Then I saw that all toil and all skill - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ James 4.1-2-3
- ↑ „Psalm73.3 ESV - For I was envious of the arrogant when - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Genesis 26.12-16 ESV - And Isaac sowed in that land and reaped - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Ezekiel31.1-9 ESV - Pharaoh to Be Slain - In the eleventh - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „1Samuel18.5-9 ESV - And David went out and was successful - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Genesis 30.1-2 ESV - When Rachel saw that she bore Jacob no - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Genesis 37.1-11 ESV - Joseph's Dreams - Jacob lived in the - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Acts 7.9 ESV, - "And the patriarchs, jealous of - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Acts 5.12-20 ESV - Many Signs and Wonders Done - Now many - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Acts13.44-47 ESV - The next Sabbath almost the whole city - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Mark15.6-15 ESV - Pilate Delivers Jesus to Be Crucified - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Matthew 27.15-26 ESV - The Crowd Chooses Barabbas - Now at the - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „1 Peter 2.1-2 ESV - A Living Stone and a Holy People - So - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Job 31“. Bible Gateway.
- ↑ „Obadiah1.12 ESV - But do not gloat over the day of your - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „2 Corinthians 12.20 ESV - For I fear that perhaps when I come I - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Galatians5.25-26 ESV - If we live by the Spirit, let us also - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Titus 3.1-7 ESV - Be Ready for Every Good Work - Remind - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Romans 13.12-14 ESV - The night is far gone; the day is at - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Exodus 20.17 ESV - "You shall not covet your neighbor's - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Deuteronomy5.21 ESV - "'And you shall not covet your - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Romans12.15 ESV - Rejoice with those who rejoice, weep - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „Matthew22.34-40 ESV - The Great Commandment - But when the - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ „1Corinthians13.1-10 ESV - The Way of Love - If I speak in the - Bible Gateway“. Bible Gateway.
- ↑ https://en.wikipedia.org/wiki/Penis_envy. Отсутно или празно
|title=
(help)