Отвори го главното мени
Двајца младинци слушаат музика
Младинци од различна народност во Осло

Адолесценција (од латински adolescere, што значи „да порасне“) — преодна фаза на физички и психолошки развој кој генерално се случува во периодот на пубертет кон законската зрелост (полнолетство).[1][2] Адолесценција е вообичаено се поврзува со тинејџерските години,[2][3][4][5] но нејзините физички, психолошки или културни манифестации можат да започнат порано и да завршат подоцна. На пример, пубертетот типично почнува за време на преадолесценцијата, особено кај женските.[3][6][7][8][9] Физичкиот развој (особено кај машките), и когнитивниот развој може да се продолжи и во раните дваесетти години. Така возраста обезбедува само груб знак за адолесценцијата, а научниците сметаат дека е тешко да се согласат за прецизна дефиниција на адолесценцијата.[6][7][10][11]

Темелното разбирање на адолесценцијата во општеството зависи од информациите од различните перспективи, вклучувајќи ги: психологијата, историјата, социологијата, образованието и антропологијата. Во рамките на сите овие перспективи, на адолесценцијата се гледа како преоден период меѓу детството и возрасносто доба, чија културна цел е подготовка на децата за возрасните улоги. Тоа е период на повеќекратни транзиции вклучувајќи ги образованието, едукацијата и невработеноста, како и транзиција од едни животни услови во други.

Крајот на адолесценцијата и почетокот на возрасното доба варира во зависност од државата, Понатаму, дури и во рамките на единствена држава или култура може да има различни возрасти во која една индивидуа може да се смета за доволно зрела за општеството да им довери одредени привилегии и одговорности. Овие привилегии и одговорности вклучуваат возачка дозвола, правни сексуални односи, служење војска, купување и конзумирање алкохол, право на гласање, склучување договори, завршување одредено ниво на образование, брак, како и одговорност за почитување на законите. Адолесценцијата вообичаено е придружена со независност поддржана од родителите или законските старатели, вклучувајќи помал надзор споредбено со преадолесценцијата.

Во изучувањето на развојот на адолесценцијата, таа може да се дефинира биолошки, како физичка транзиција означена со почетокот на пубертетот и терминација на физичкиот раст и развој; когнитивно, како промени во способноста за апстрактно и мултидимензионално мислење; како и социјално, како период на подготовка за возрасни улоги.

Големите пубертетски и биолошки промени, вклучуваат промени на сексуалните органи, висината, тежината, мускулната маса, како и големи промени во структурата и организацијата на мозокот. Когнитивните способности опфаќаат и зголемување на знаењето и на способноста да размислуваат апстрактно и да резонираат поефективно. Проучувањето на развојот на адолесценцијата често пати вклучува интердисциплинарна соработка.

НаводиУреди

  1. „Adolescence“. Merriam-Webster. конс. 9 мај 2012. 
  2. 2,0 2,1 Puberty and adolescence“, MedlinePlus (посет. 22 јули 2014 г).
  3. 3,0 3,1 „Adolescence“. Psychology Today. конс. 7 април 2012. 
  4. „The Theoretical Basis for the Life Model-Research And Resources On Human Development“ (PDF). конс. 2009-08-11. 
  5. „PSY 345 Lecture Notes - Ego Psychologists, Erik Erikson“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-10-16. конс. 2009-08-11. 
  6. 6,0 6,1 Робертс, Мишел. „Why puberty now begins at seven“, BBC News, 15 мај 2005 (посет. 22 мај 2010 г).
  7. 7,0 7,1 Onset of breast and pubic hair development in 1231 preadolescent Lithuanian schoolgirls. „Arch. Dis. Child.“ том  90 (9): 932–6. септември 2005 г. doi:10.1136/adc.2004.057612. PMID 15855182. PMC: 1720558. http://adc.bmj.com/content/90/9/932.full. 
  8. Хил, Марк. „UNSW Embryology Normal Development - Puberty“. embryology.med.unsw.edu.au. Архивирано од изворникот на 22 February 2008. конс. 2008-03-09. 
  9. Dorn L. D.; Biro F. M.. Puberty and Its Measurement: A Decade in Review.. „Journal of Research on Adolescence“ том  21 (1): 180–195. doi:10.1111/j.1532-7795.2010.00722.x. 
  10. Финли, Хари. „Average age at menarche in various cultures“, Museum of Menstruation and Women's Health (посет. 2 август 2007 г).
  11. Куни, Елизабет (2010-02-11). „Puberty gap: Obesity splits boys, girls. Adolescent males at top of the BMI chart may be delayed“. MSNBC. конс. 2010-05-22. 

Надворешни врскиУреди