Софрониј Ерусалимски

Софрониј Ерусалимски (роден на 560 во Дамаск - починал на 11 март 638 во Ерусалим бил Патријарх на Ерусалим во периодот од 634 до 638 година.

Софрониј Ерусалимски
Софрониј Ерусалимски
Патријарх на Ерусалим
Роден(а) 560, Дамаск
Починал(а) 11 март 638, Ерусалим
Почитуван(а) во Римокатоличка црква, Православие
Слава 11 март

Софрониј проилегува од познати родители. Бил обдарен со световна и духовна мудрост. Духовната мудрост ја стекнал во Светата Земја. Дошол во градот Ерусалим и ги посетил светите места во градот и околу него. Бил и во лаврата на Свети Теодосиј Велики каде се нашол со инокот Јован Мосха, кого го зел за себе за учител. Тој заедно со него ги посетил манастирите и подвижниците во Египет. За сè што дознавале за духовната мудрост запишувале и го објавиле во две книги под името "Лимонар" или "Цветник". Подоцна отишле во Рим каде што инокот Јован Мосха умрел. Тој му оставил аманет на Софрониј, неговото тело да го пренесе или на Синај или во лаврата на Теодосиј. Софрониј ја исполнил желбеседа на патријархот Софрониј, која ја одржал во опседнатиот град. Во неа тој го оплакува разорувањето и опустошувањето на светите места, кое Бог го дозволил заради гревовите на луѓето. Особено жали што не може денот Рождество Христово, по обичај, да го прослави во Витлеем, зашто Витлеем веќе бил во рацете на агарјаните.

Свети Софрониј, како патријарх Ерусалимски бил голем бранител на црквата. Црквата ја бранел од монотелитската ерес, која тој на Соборот во Ерусалим ја осудил уште пред таа да биде осудена на Четвртиот вселенски собор. Свети Софрониј напишал многу книги, беседи, поуки, химни, корисни за Христовата црква[1].

Софрониј Ерусалимски го напишал житието на Марија Египетска. Кога арапскиот калиф Омар го освоил Ерусалим, Свети Софрониј го замолил да ги поштеди христијаните, а Омар ова наводно и го ветил. Кога сепак калифот набрзо потоа започнал да ги ограбува и малтретира христијаните во Ерусалим, Софрониј починал во 644 година.

Наводи уреди