Марија Египетска е христијански светец од 5 век.

Марија Египетска
Руска икона од 18 век
Venerable
Роден(а) 344, Египет
Починал(а) 421, Јорданска пустина, Палестина
Почитуван(а) во православие,
Древноисточни цркви,
Римокатоличка црква,
Англиканска црква
Слава Православие: 1 април;[1] 5 недела од Големиот пост
Roman Catholic: 3 април

Животописот на оваа светителка го напишал Софрониј Ерусалимски.

Според христијаните некој јеромонах, старецот Зосим, се оддалечил еднаш во Чесниот Пост во задјорданската пустина на дваесет дена одење. Одеднаш здогледал едно човечко битие, со суво, голо тело и со коса бела како снег, коe се пушти да бега од очите на Зосим. Старецот долго трчал, додека тоа битие не прилегнало во еден поток и не викнало: “Авва Зосиме, опрости ми заради Господа, не можам да ти се обратам, оти сум жена гола!” Тогаш Зосим ѝ ја дофрлил својата горна мантија (расото); таа се загрнала и му се јавила. Старецот бил уплашен слушнувајќи го своето име од устата на непознатата жена. По неговото долго настојување, жената му го раскажала своето житие.

Марија е родена во Египет и од својата дванаесетта година почнала да живее развратно во Александрија, и во разврат поминала полни 17 години. Пристигнувајќи во светиот град Ерусалим, сакала и таа да влезе во црквата да му се поклони на Чесниот Крст, но некоја невидлива сила ја задржувала и не ѝ давала да влезе. Во голем страв таа погледнала во иконата на Пресветата Богородица во припратата и ѝ се молела да ѝ допушти да влезе и да го целива Чесниот Крст, исповедувајќи ја грешноста и нечистотата своја, и ветувајќи дека потоа ќе отиде таму каде што Светата Пречиста ќе ја упати. Тогаш ѝ било допуштено да влезе во црквата. Откако го целивала Крстот, излегла повторно во припратата пред иконата и ѝ благодарила на Богородица, но во тој миг чула глас: “Ако го преминеш Јордан, ќе најдеш добар мир!”

Таа веднаш купила три леба и тргнала за Јордан каде што пристигнала истата вечер. Утредента се причестила во манастирот на св. Јован и ја преминала реката. Во пустината проживеала цели 48 години, во преголеми маки, во страв, во борба со страсните помисли, како и со диви ѕверови. се хранела со зелје. Потоа, кога стоела на молитва, Зосим ја видел како стои воздигната во воздухот.Таа го замолила идната година да ѝ донесе од светите Дарови на брегот на Јордан, а таа ќе дојде да се причести. Идната година Зосим дошол со светите Дарови навечер, на брегот на Јордан, но се чудел како светителката ќе го премине Јордан. Во тој момент видел на месечината дека таа дошла крај реката, ја прекрстила реката и тргнала по водата како по суво. Кога ја причестил, таа го замолила идната година да дојде во истиот поток каде што првпат се виделе. Зосим отишол и го нашол нејзиното тело мртво на тоа место, а над главата на песокот било напишано: “Погреби го, авва Зосиме, на ова место телото на смирената Марија, предај го правот на прав, се претставив на 1 април во самата ноќ на спасоносното Христово страдање по причестувањето со божествените тајни[2].

Православната црква нејзиниот ден го чествува на 1 април.

Наводи

уреди
  1. Great Synaxaristes: (грчки) Ἡ Ὁσία Μαρία ἡ Αἰγυπτία. 1 Απριλίου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.
  2. „Охридски пролог“ стр. 135