Софија Миросављевиќ

Д-р Софија Пијадева Миросављевиќ (17 ноември 1929 во Ваташа — ) — македонски доктор.[1]

Животопис

уреди

Основно образование до четврто одделение завршила во своето родно село, а гимназија до осми клас во „Добри Даскалов” во Кавадарци. Во 1948 година се запишала на Медицинскиот факултет во Скопје,[2] на кој дипломирала во 1956 година. Нејзиното прво вработување е во Здравствениот дом на Бит Пазар во Скопје, каде работела во наредните три години.[1]

Се омажила и се вработила во Здравствениот дом Савски венец во Белград. Специјализирала по општа медицина. Се пензионирала во 1989 година со 35 години работен стаж како лекар. Нејзиниот син денес е професор на Медицинскиот факултет во Белград, а нејзината ќерка исто така е лекар.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 426. ISBN 978-608-4621-04-1.
  2. „Монографија - СОУ Гимназија „Добри Даскалов" 1945-2010 by Gimnazija Kavadarci - Issuu“. issuu.com (англиски). 2013-09-23. Посетено на 2024-07-06.