Сократ Христовски

Сократ Христовски (15 октомври 1910 во — 1944 во Горни Забел, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство, кое се доселило во Скопје. Завршил основно училиште, а потоа изучил занает. Работел како молер. Уште рано се запознал со целите на народоноослободителното движење и активно го помагал од средината на 1941 година. Собирал материјална помош за партизаните, растурал летоци и друго. Кон крајот на август 1944 година стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, во Скопска Црна Гора. Во состав на оваа единица учествувал во борбите против балистичките банди. Во борбите се истакнал како храбар борец. Загинал во борбата кај Горни Забел. Неговите останки биле закопани на борбената позиција.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 280. На |first= му недостасува |last= (help)