Литиумско согорување

(Пренасочено од Согорување на литиум)

Литиумско согорувањенуклеосинтетички процес на трошење на литиумот во една ѕвезда. Литиумот е присутен во кафеави џуџиња, но не во постари ѕвезди со мала маса. Ѕвездите бргу го трошат нивниот литиум бидејќи тие по дефиниција мора да развијат висока температура (2,5 × 106 K) потребна за соединување на водород.

Согорувањето на литиум-7 (најзастапениот изотоп на литиумот) се случува при судир на 7Li и протон, со што се добива берилиум-8, кој набргу се распаѓа на две јадра на хелиум-4. Температурата потребна за оваа реакција е само малку пониска од онаа потребна за водородно соединување. Струењето во ѕвездите со мала маса наложува целосно трошење на литиумот во целата ѕвезда.[1] Затоа, присуството на литиумската линија кај претпоставен спектар на кафеаво џуџе е силен показател дека навистина се работи за подѕвездено тело.

Со проучување на застапеноста на литиум кај 53 ѕвезди од типот на T Бик заклучено е дека трошењето на литиумот во голема мера зависи од големината, укажувајќи на тоа дека литиумското согорување по пат на ПП-панецот во последните високоструевити и нестабилни состојби на подоцнежната фаза од Хајашиевото собирање пред главната низа може да бидат меѓу главните извори на енергија кај ѕвездите од типот на T Бик. Брзото вртење го подобрува мешањето и го зголемува преносот на литиум во подлабоките слоеви каде тој се уништува. Ѕвездите од типот на T Бик се вртат побрзо како што стареат со собирање и завртување, запазувајќи го моментот на импулсот. Ова предизвикува зголемено губење на литиумот со текот на времето. Литиумското согорување се покачува на повисока температура и маса, и трае нешто над 100 милиони години.

ПП-ланецот на литиумското согорување изгледа вака:


p
 
6
3
Li
 
→  7
4
Be
(нестабилен)      
        7
4
Be
 

e
7
3
Li
+
ν

p
 
7
3
Li
 
→  8
4
Be
 
(нестабилен)      
        8
4
Be
 
  →   2×  4
2
He
 
+ енергија

Ова не се јавува кај ѕвезди со маса помала од 60 Јупитерови маси (MJ). Затоа, стапката на трошење на литиумот може да се употреби за пресметување на староста на ѕвездата.

Литиумски тест

уреди

Литиумски тест е употребата на литиум за разликување на кафеави џуџиња од ѕвезди со мала маса. Потешките ѕвезди како Сонцето го задржуват литиумот во надворешната атмосфера, која не развива доволна температура за да го потроши, но овие се разликуваат од кафеавите џуџиња по нивната големина. Кафеавите џуџиња во горниот крај на масениот опсег (60–75 MJ) можат да бидат доволно врели за да трошат литиум кога се млади. Џуџињата со маса над 65 MJ може сосема да го истрошам литиумот кога ќе достигнат 500 милиони години; затоа, овој текст не е совршен.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Bildsten, L.; Brown, E. F.; Matzner, C. D.; Ushomirsky, G. (1997). „Lithium Depletion in Fully Convective Pre-Main-Sequence Stars“. The Astrophysical Journal. 482 (1): 442–447. arXiv:astro-ph/9612155. Bibcode:1997ApJ...482..442B. doi:10.1086/304151.
  2. Basri, Gibor (1998). Rafael Rebolo; Eduardo L. Martín; María Rosa Zapatero-Osorio (уред.). „The Lithium Test for Young Brown Dwarfs (invited review)“. Proceedings of a Workshop Held in Puerto de la Cruz, Tenerife, Spain, 17–21 March 1997, ASP Conference Series #134. 134: 394. Bibcode:1998ASPC..134..394B.