Хајашиева патека
Хајашиевата патека е патот на протоѕвездата во Херцшпрунг-Раселов дијаграм откако протоѕвездениот облак ќе достигне хидростатичен еквилибриум. Во 1961 година Куширо Хајаши покажал дека постои минимална делотворна температура која е пониска од онаа што е потребна за да не се достигне хидростатичниот еквилибрум; ова ограничување се однесува на околу 4000 K. Протоѕвездениот облак кој е постуден од оваа температура ќе се собере и ќе се затопли сè додека да постигне Хајашиево ограничување. Кога ќе стигне до тоа, протоѕвездата ќе продолжи да се собира, но нејзината делотворна температура нема повеќе да се зголемува. Оваа Хајашиева патека е блиску до вертикалната линија на Х-Р дијаграмот.

Ѕвездите со мала маса имаат скоро вертикални траги на еволуција сè додека не пристигнат во главната низа. За помасивните sвезди, патеката Хајаши се наведнува лево во патеката Хениј. Дури и помасивни sвезди се раѓаат директно на патеката Хениј.
Крајот (левата точка) на секоја патека е означена со масата на ѕвездата во сончеви маси (M☉), и ја претставува нејзината позиција на главната низа. Црвените криви означени со години се изохрони во дадени возрасти. Со други зборови, ѕвезди стари години лежат по должината на кривата со ознака, и слично за другите 3 изохрони.
Поврзано уреди
Наводи уреди
- Hayashi, C. (1961). „Stellar evolution in early phases of gravitational contraction“. Publ. Astron. Soc. Jap. 13: 450–452.
- Hayashi, C. (1966). „Evolution of Protostars“. Annual Reviews in Astronomy and Astrophysics. 4 (1): 171–192.