Соботско Езеро

вештачко езеро во Штаерска, Австрија

Соботско Езеро (германски: Stausee Soboth, Soboth See) – вештачко езеро во Австрија створено во 1990 година кога била изградена браната на потокот Бистрица (германски: Feistritz) за снабдување на хидроелектраната Голица. Вештачкото езеро се наоѓа во планинското подрачје Голица, во близина на селото Собот, крај патот кој ги поврзува Лаваминд и Грац, близу Соботскиот Превој покрај cловенечко-австриската граница. Се наоѓа на надморска висина од 1080 м.

Соботско Езеро
Stausee Soboth
Поглед на езерото
ПодрачјеШтаерска
Координати46°41′N 15°01′E
Видвештачко
Главни приливиБистрица (герм. Фајстриц)
Главни истециБистрица (герм. Фајстриц)
Сливни земјиАвстрија
Најг. должина2 км
Површина&100000000000000080000000,8 км2
Најг. длабочина80 м
Надм. височина1080 м

Езерото е долго околу 2 км и широко до 500 м, има површина од 0,8 км2 и длабочина до 80 м. Во лето езерото е популарно место за капење заради својата почиста вода, поладна клима заради висината и природното опкружување кое се состои од брда прекриени со смреки.

Електрана Голица

уреди

Електрана ХЕ Голица била изградена меѓу 1987 и 1991 година како хидроелектрана. Меѓу 2009 и 2011 година, била проширена во пумпна хидроелектрана. Електрана од 50 мегавати се наоѓа на бреговите на реката Драва, кај Лаваминд, на надморска висина од 339 метра. Водата од акумулационото езеро се префрла до електраната низ цевки под висок притисок во должина од 5 км. Висинската разлика на цевководот е 735,5 м.[1][2]

Наводи

уреди
  1. „KW Koralpe: Upgrading zum Pumpspeicherkraftwerk“ (PDF). Kelag. 2015. Архивирано од изворникот (PDF) на 15 април 2018. Посетено на 15 април 2017.
  2. „Pumpspeicherkraftwerk Feldsee & Pumpspeicherkraftwerk Koralpe“. Kelag. Архивирано од изворникот на 15 април 2018.

46°41′06″N 15°01′45″E / 46.6850045° СГШ; 15.0292341° ИГД / 46.6850045; 15.0292341