Снегот паѓа на чемпресите

Снегот паѓа на чемпресите (англиски: Snow Falling on Cedars) е американски филм од 1999 година, во режија на Скот Хикс. Главните улоги ги толкуваат: Итан Хоук и Макс фон Сидов.

Содржина

уреди

Девет години по бомбардирањето на Перл Харбор, едно мало американско гратче мака мачи со застарените прописи против Американците со азиско потекло. Еден Американец со јапонско потекло, Казуо Мијамото, е обвинет за убиство откако рибарот Карл ќе се удави во студеното море. Карл е најден мртов недалеку од брегот на државата Вашингтон, удавен во својата рибарска мрежа, но со повреди на главата. Локалниот новинар Ишмаел (го игра Хоук) има информации со кои Казуо може да биде ослободен од обвиненијата, но во тоа го спречува неговата љубов кон жената на Казуо.[1] [2] [3]

Наводи

уреди
  1. „Снегот паѓа на кедарот“, Антена, број 868, 13.2.2015, стр. 16.
  2. „Снегот паѓа на кедарот“, Антена, број 874, 27.3.2015, стр. 18.
  3. „Снегот паѓа на кедарот“, Антена, број 870, 27.2.2015, стр. 18.