Смртта на Мијат Томиќ

Смртта на Мијат Томиќ (српски: Смрт Томића Мијата) - епска (ајдучка) песна.

Содржина

уреди

Низ Истанбул поминува гласник барајќи јунак кој ќе го фати или убие ајдукот Мијат Томиќ. На повикот се јавува еден Арап, кој заминува во Босна и го посетува Илија Бабиќ, барајќи да го предаде ајдукот, а за возврат му ветува награда од 500 дукати и ослободување од даночната обврска. Илија го кани својот кум Мијат да дојде во неговата кула, божем да му го крсти детето, а таму, сопругата на Илија плаче претчувствувајќи го предавството. Тогаш, Мијат ѝ кажува дека не може да погине од секаков куршум, но разговорот го слуша Арапот, кој е скриен под прозорецот, и го убива Мијат. Побратимот на Мијат, ајдукот Виде, го зема неговото тело и излегува во дворот, каде го дочекуваат 30 сејмени. Сепак, тој успева да ги совлада и да побегне во планината. Арапот му ја сече главата на Мијат, му ја дава наградата на Илија и си заминува. Меѓутоа, Виде среќава 40 ускоци и им соопштува за предавството. Потоа, ускоците му поставуваат заседа на Арапот при што Виде го убива него, а потоа, тој и дружината одат во кулата на Илија и сурово го казнуваат - му ги сечат рацете и нозете, му ги вадат очите и ја палат кулата.[1]

Наводи

уреди
  1. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 131-137.