Мијат Томиќ
Мијат Томиќ или Михат Томиќ (српски: Мијат Томић) - бил познат ајдутски заповедник (арамбаша) кој делувал во Босна. Според традицијата, тој бил од Дувањско Поле, а живеел во средината на XVII век. За него е испеан третиот голем циклус ајдутски песни во народната книжевност, иако тој не е целосно оформен. Се мисли дека Мијат Томиќ погинал меѓу 1656 и 1659 година, за време на владеењето на босанскиот везир Ахмед-паша Сехидија.[1][2]
Попознати песни во кои е опеан Мијат Томиќ се: „Виде Даничиќ“, „Дружината на ајдукот Мијат“, „Човек-паша и овчарот Михат“, „Смртта на Мијат Томиќ“ итн. Во народните песни, тој е опеан како човекот кој „од глад црна земја јадел, а од жед пиел вода од лист, додека ја собрал дружината“. Со нежно срце кон јагнето кое останало без мајка, тој е безмилосен кон насилниците. Некои од неговите постапки кон Турците се претерани и неумесни, но зато пак, тој е великодушен кон Турците кои не ја изгубиле човечноста.[3]