Смољан
Смољан или Смолен (бугарски: Смолян) — град во Јужна Бугарија, сместен на јужните падини на планината Родопи. Центар е на Општина Смољан и на Смољанска област. Во градот се наоѓа археолошки музеј, театар и астрономска опсерваторија.
Смољан Смолян | |
---|---|
град | |
Поглед на градот | |
Местоположба на Смољан во Бугарија | |
Координати: 41°34′31″N 24°42′46″E / 41.57528° СГШ; 24.71278° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Смољан |
Општина | Смољан |
Управа | |
• Градоначалник | Николај Мелемов (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 134,59 км2 (51,97 ми2) |
Надм. вис. | 1.002 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 28.268 |
• Густина | 210/км2 (540/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 4700 |
Повик. бр. | +359 0301 |
Мреж. место | smolyan.bg |
Градот го добива своето име од словенското племе Смолјани, кое во раниот среден век ја населувало областа.
Географија
уредиОд престолнината Софија, Смолен е оддалечен 240 км, а од најблискиот поголем град Пловдив, оддалечен е 100 км.
Смоленската Област се наоѓа во средишниот дел на Родопите на значителна надморска височина од 1.000 м, а околу градот се наоѓаат бројни планински врвови повисоки од 2.000 м надморска висина. Смолен е административен центар на највисока надморска височина во Бугарија. Местоположбата погодувала за развој на зимскиот и планинскиот туризам, па во близина на градот се развиле значајните туристички центри Пампорово и Чепеларе.
Низ Смолен протекуваат две реки, Черна (Црна) и Бјала (Бела).
Климата во градот е континентална со влијание на планинската клима заради големата надморска височина.
66% од општината Смолен е под шума, што е многу повисоко од државниот просек.
Историја
уредиОколината на Смолен е населена уште од времето на Тракијците. Се смета дека градот името го добил по словенското племе Смоленци, кои ја населиле оваа област во почетокот на средниот век. Подоцна овој простор е под власт на Византија, средновековна Бугарија, Османлиското Царство.
Смолен особено се развил во текот на последниот дел од владеењето на Османлиското Царство во 19 век, кога градот бил познат под името Пашмакли и бил претежно населен со Бугари муслимани – Помаци. Во 1878 година, Смолен станува дел од новооснованата држава Бугарија.
Население
уредиПосле Втората светска војна, Смолен броел околу 5.000 жители[1] Оттогаш градот расте од десетлетие во десетлетие, најмногу заради миграцијата село-град, како и миграцијата од околните помали гратчиња, и го достигнува својот врв во деведесеттите години на дваесеттиот век кога брои повеќе од 34.000 жители.[2]
Град | Смолен |
---|---|
1887 | нема податоци |
1910 | нема податоци |
1934 | нема податоци |
1946 | 5.406 |
1956 | 7.472 |
1965 | 17.448 |
1975 | 28.492 |
1985 | 31.539 |
1992 | 34.086 |
2001 | 33.153 |
2005 | 31.988 |
2007 | 31.922 |
2009 | 31.718 |
2011 | 30.642 |
Според последниот попис од 2011 година, етничкиот состав на градот е следниов:[3][4]
- Бугари: 25.045 (97,0%)
- Роми: 258 (1,0%)
- Турци: 153 (0,6%)
- Други: 120 (0,5%)
- Недефинирани: 248 (1,0%)
- Не се изјасниле: 4.818 (15,7%)
Вкупно: 30.642
Поголем дел од населението се православни, а помал се муслимани.
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „pop-stat.mashke.org“
- ↑ (англиски) „WorldCityPopulation“
- ↑ (бугарски) Population on 01.02.2011 by provinces, municipalities, settlements and age; National Statistical Institute Архивирано на 8 септември 2013 г.
- ↑ Population by province, municipality, settlement and ethnic identification, by 01.02.2011; Bulgarian National Statistical Institute Архивирано на 22 април 2012 г. (бугарски)
Надворешни врски
уреди- Смољан на Ризницата
- Мрежно место на Општината Смољан
- Саjт на областа
- Статиja за Историскиот музеj во град Смољан Архивирано на 28 септември 2007 г.
- Смољан - град на мечтателните Архивирано на 14 март 2008 г.
- Смољан – удивителен град Архивирано на 17 март 2008 г.
- Интернет адреси за Смољан
- Времето во Смољан Архивирано на 10 октомври 2011 г.
- Слики од Смољан
- Слики од Смољан Архивирано на 14 мај 2007 г.