Смолфут (филм од 2018)

Смолфут (англиски: Smallfoot) е американски анимиран филм од 2018 година, во режија на Кери Керкпатрик, кој е и автор на сценариото (заедно со Клер Сера), засновано врз книгата „Траги од Јети“ (Yeti Tracks) на Серхио Паблос. Гласовите ги позајмуваат: Ченинг Тејтум, Џејмс Корден, Зендаја, Комон, Леброн Џејмс, Дени де Вито, Џина Родригес, Јара Шахиди, итн.

Синопсис

уреди

Високо на Хималаите се наоѓа село во кое живеат Јети. Нивниот живот се заснова врз низа закони, напишани на камени плочи, а за строгото почитување на законите се грижи Чуварот на камењата (гласот на Комон). Еден ден, Миго (гласот на Тејтум) среќава човек, но никој во селото не верува во неговата приказна, зашто во камените плочи е запишано дека не постои такво нешто. Единствено му веруваат неколку млади Јети, предводени од Мичи (гласот на Зендаја), ќерката на Чуварот на камењата. Миго слегува во едно село и го грабнува Перси (гласот на Корден), поранешен славен водител на емисии за животни, чија слава веќе е згасната. Потоа, Миго се враќа во селото и на сите им го покажува човекот кого го нарекуваат Смолфут, а тој е воодушевен од откритието кое повторно ќе го направи славен. Меѓутоа, појавата на човекот го загрозува древниот поредок во селото. Поради тоа, Чуварот на камењата му ја открива тајната на Мико: камењата и законите напишани на нив се лажни, со цел жителите на селото да се заштитат од лошите луѓе. Притоа, тој го убедува Мико да каже дека не постои Смолфут. Тогаш, Мичи го враќа Перси во големиот град, а Мико и нејзините другари одат да ја спасат неа. Таму, Мичи е воодушевена од глетката, но луѓето се исплашени од неа и полицијата настојува да ја зароби. Во последен миг, благодарение на Мико и на Чуварот на камењата, Мичи и нејзините другари успеваат да се спасат, а Перси го спасува Мико од полициската потера. Горе во селото, Чуварот на камењата им ја кажува на жителите вистината за лажните закони, а потоа, сите Јети слегуваат во градот, со намера да им покажат на луѓето дека не се чудовишта.[1]

Наводи

уреди