Смоларски Водопад

водопад во Струмичко
(Пренасочено од Смоларскиот Водопад)

Смоларски Водопадводопад сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари.

Смоларски Водопад
Смоларскиот Водопад
Карта
МестоЛомница, Беласица, Општина Ново Село
Највисок слап40 м

Вкупната височина на вертикалниот отсек на Смоларскиот Водопад изнесува 39,5 метри. Водопадот е тектонски предиспониран со раседна структура која лежи попречно на правецот на течењето на водата на Смоларска Река. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.

Смоларскиот Водопад е единствен постојан водопад во Македонија со пад на водата од 39,5 метри.

Смоларе е како повеќето села во Македонија, мало село во кое живеат љубезни и гостопримливи луѓе. Но ова село има посебно богатство скриено во планината, Смоларски Водопад.

За да дојдете до водопадот, треба да патувате по тесен, кривулест пат и да ја намалите брзината бидејќи тракторите и запрежните возила се карактеристични за оваа област. Овде главното занимање е земјоделството.

На патот кон водопадот ќе наидете на мал пазар од каде можете да купите локални производи. Овој пазар беше отворен во јануари 2007 година каде месното население е секогаш таму да ви понудат локални пиперки, јаболка, краставици и уште многу вкусни и здрави производи. По краткиот разговор на пазарот продолжувате со искачување до водопадот.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди