Слушни ковчиња (латински: ossicula auditus, ossicula auditoria) — ковчиња кои го сочинуваат механичкиот систем за пренос на вибрации од ушното тапанче на увото до овалниот прозорец, кој се наоѓа на спротивната страна од внатрешното уво, кај сите ’рбетници, со исклучок на рибите. Звукот се пренесува преку овој систем во облик на коскени вибрации. Слушните ковчиња се појавуваат еволутивно за прв пат кај водоземците во облик на единствено ковче или стремен (стапес). Кај цицачите, во текот на еволуцијата биле додадени уште две слушни ковчиња, чеканчето и наковалната.[1]

Слушни ковчиња
Слушни ковчиња
Податоци
Назнаки
ЛатинскиOssicula auditus
MeSHA09.246.272
TAA02.1.17.001
FMAFMA:52750

Ембриологија

уреди

Слушните ковчиња произлегуваат од мезенхимот на првиот и вториот жабрежен лак. Главата и вратот на чеканчето, телото и краткиот крак на наковалната произлегуваат од првиот жабрежен лак. Рачката на чеканчето и долгиот крак на наковалната произлегуваат од вториот жабрежен лак, а базалната плоча на стременот има двојно потекло. Помал дел потекнува од вториот лак, а поголем дел од капсулата на лавиринтот (латински: lamina stapedialis).

Слушните ковчиња прво се забележуваат во петтата недела од интраутериниот живот, а во петтиот месец имаат големина како кај возрасните, кога започнува нивното окоскенување (осификација). Осификацијата на наковалната и чеканчето се одвива паралелно, а во дваесет и петтата недела наковалната и чеканчето се осифицирани со исклучок на дисталниот крај на рачката на чеканчето. Овој доцен развој на рачката на чеканчето може да биде предизвикан од хипоплазија или аплазија.[2]

Функција на слушните ковчиња

уреди
 
а мембрана на тапанчето (Membrana tympani)
b Чеканче (Malleus)
c Наковална (Incus)
d Узенгија или стремен (Stapes)
e Средно уво (Auris media)
 
Тимпаничната шуплина на крава:
1 Чеканче (Malleus)
2 Наковална (Incus)
2' Лентикуларно продолжение на наковалната Processus lenticularis (incudis)
3 Узенгија или стремен (Stapes)
4 Тимпанична мембрана (Membrana tympani)
5 Овален прозорец (' Fenestra ovalis ')
6 Мускул затегнувач на мембраната на ушното тапанче (Musculus tensor tympani)
7 Стремен мускул (Musculus stapedius)

Звукот се пренесува преку системот на слушни ковчиња во облик на нивни вибрации. Внатрешното уво е исполнето со течност. Доколку средното уво не би постоело и звукот од надворешната средина директно би делувал на мембраната зад која се наоѓа течноста на внатрешното уво, разликата во импедансите на воздухот и течноста би го направила преносот на звучната енергија од надворешната средина на сетилникот е многу неефикасна.

Затоа се смета дека системот на ковчиња на средното уво има важна функција на трансформатор на акустичната импеданса, приспособувајќи ја до одреден степен импедансата на воздушната средина на импедансата на течноста. Основата на функцијата на слушните ковчиња се заснова на тоа како тие се меѓусебно поврзани (взглобени), што им овозможува да дејствуваат како систем на лост. Првата алка во синџирот е чеканчето. Тоа е поврзано со средината на мембраната на тапанчето и заедно со неа се придвижува околу оската на работ на мембраната на тапанчето. Движењето на чеканчето се пренесува на наковалната, која е прикачена на стременот на другиот крај. Односот на преносот на тој систем на лост е променлив и се движи помеѓу 1,3:1 и 3:1, но конечното прилагодување (висок звучен притисок во течноста за внатрешното уво) се постигнува благодарение на односот на површините на овалниот прозорец и површина на тапанчето, што е 3: 80 mm2. Ова ја зголемува механичката сила помеѓу 35 и 80 пати. Така, може да се каже дека релативно големо поместување (осцилација) на мембраната на тапанчето, на слушните ковчиња делува со мала сила која се трансформира во поголема сила која делува на овалниот прозорец или на влезниот дел на внатрешното уво со мал од на ковчињата.

Животот на земјата еволуирал во релативна тишина што владеела во природата сè до индустриската револуција. Во човековата средина се појавиле околности во кои сетилото за слух било изложено на силни звучни дразби. Временскиот период што е изминат од тоа време е премногу краток за да донесе значителни промени во еволуцијата на човечкиот организам. Поради ова, во текот на еволуцијата, увото не добило никаква природна заштита од прекумерна звучна стимулација, како што, на пример, има сетилото за вид (очните капаци).


Единствениот заштитен механизам што го има човечкото тело за да се бори против прекумерните звуци се наоѓа во преносниот систем на средното уво. Постојат два ефекти кои функционираат во оваа смисла:

  • Инерција на слушните ковчиња
  • Раздесување на нивниот преносен систем

И покрај тоа што слушните ковчиња се многу лесни (чеканчето и наковалната околу 20 mg, узенгијата 2–4 mg), нивната инерција претставува одредена заштита од ненадејно дејство на звучни вибрации (на пр. истрели од огнено оружје).

Раздесувањето на преносниот систем на коските се јавува под дејство на повратни информации од мозочните центри и се нарекува акустичен рефлекс. Се остварува со соодветни реакции на мускулите кои го контролираат движењето на ковчињата. Акустичниот рефлекс има конечна брзина на одговор која зависи од нивото на звучна стимулација. Времето на реакција е помеѓу 0,1 - 0,3 с. Овој механизам работи со звучни дразби над 65-70 dB и неговиот ефект се зголемува приближно линеарно со зголемувањето на возбудата. Максималното слабеење на звукот поради дејството на акустичниот рефлекс е околу 20 dB.


Анатомија

уреди

Чеканче

уреди
 
Анатомски приказ на чеканче

Чеканче (латински: malleus) е првото слушно ковче во синџирот од три слушни ковчиња во средното уво, кое служи за пренос на звучни вибрации од мембраната на тапанчето на наковалната. Првото слушно ковче тежи 23 mg и е долго 6 mm. Рачката на чеканчето е поврзана со тапанчето, а главата на чеканчето преку седлеста површина е взглобена со наковалната. Бидејќи едниот крај на чеканчето е поврзан со средината на мембраната на тапанчето, тој се движи заедно со неа поради звучните осцилации во ушниот канал.

Анатомски гледано, главни делови на чеканчето се:

  • глава (латински: caput malllei)
  • врат (латински: collum malllei), кој се наоѓа под главата на чеканот
  • рачка на чеканчето (латински: manubrium malllei), која се наоѓа на долниот дел од чеканчето.

Од чеканчето поаѓаат две продолженија:

  • Надворешно продолжение (латински: processus lateralis) што оди однадвор и создава испакнување или проминенција на тапанчето (латински: prominentia mallearis).
  • Предно продолжение (латински: processus anterior) што оди нанапред.

Наковална

уреди
 
Делови од наковалната

Наковална (латински: incus) е второто слушно ковче во синџирот од три слушни ковчиња во средното уво, кое служи за пренос на звучни вибрации од чеканчето до узенгијата или стременот. Второто слушно ковче тежи 27 mg и е долг 7 mm.

Анатомски гледано главни делови на наковалната се:

  • Тело или труп на наковалната (латински: corpus incudis)
  • Два крака: долг и краток.

Краткиот крак на наковалната (латински: crus breve) е насочен напред, додека долгиот крак на наковалната (латински: crus longum) завршува со лентикуларно продолжение (латински: processus lenticularis) со кој е взглобена со главичката на узенгијата или стременот.

Стремен

уреди
 
Анатомија на узенгијата

Узенгијата или стременот (латински: stapes) е најмалото ковче во човечкото тело и трето слушно ковче во синџирот од три слушни ковчиња во средното уво, кое служи за пренос на звучни вибрации од наковалната до овалниот прозорец на средното уво, а преку него до внатрешното уво. Тежи 2,5 mg и е долго 4 mm.

Анатомски гледано главни делови на стременот се:

Главичката е взглобена со наковалната, а со основата на стременот затворено е овалното прозорче кон внатрешното уво.

Наводи

уреди
  1. „Grafik zur Entwicklung der Kiefergelenke und ihren Derivaten“. Архивирано од изворникот на 25 февруари 2014. Посетено на 22. 01. 2015. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Đerić, D. i Jašović, A. (1996). Otološka morfologija i radiološka dijagnostika oboljenja srednjeg uva. Medicinski fakultet. Beograd.

Литература

уреди
  • Guyton, Arthur. Medicinska fiziologija. Beograd - Zagreb: Medicinska knjiga, 1981.

Надворешни врски

уреди