Наковална (коска)
ковче во средното уво
Наковалната (латински: incus) претставува мало ковче што се наоѓа во тапанската празнина на средното уво.
Наковална | |
---|---|
Лева наковална (A) предна страна, (B) внатрешна страна. | |
Приказ на слушната туба. | |
Податоци | |
Зглобови | Incudomalleolar, incudostapedial joint |
Назнаки | |
Латински | Incus |
MeSH | A09.246.397.247.362 |
TA | A15.3.02.038 |
FMA | FMA:52752 |
Делови
уредиНа наковалната се разликуваат:
- тело;
- горна гранка;
- долна гранка.
Поврзувања
уредиНаковалната се поврзува со чеканчето на горната страна, а на долната страна се поврзува со стременот;
- слушните ковчиња се поврзуваат со цел да ги засилат примените бранови од слушното тапанче.
Слушен апарат
уредиУлога на чеканчето, стременот и наковалната во слушниот механизам:
- звучните бранови доаѓаат од надворешната средина и преку надворешниот слушен канал одат до мембраната на тапанчето;
- ковчињата во средното уво (чеканче, стремен и наковална) треперат и основата на стременот се раздвижува и удира на овалниот прозорец;
- треперењата на основата на стременот се пренесуваат преку овалниот прозорец до перилимфата на вестибуларната преграда на полжавот;
- треперењата го поттикнуваат слушниот орган (Кортиевиот слушен орган) и праќаат нервни импулси што одат до големиот мозок преку нервот на полжавот;
- откако ќе биде стимулиран органот за слух, вибрациите преминуваат во перилмфата на преградата на тапанчето и се губат во тркалезниот прозорец.
Галерија
уреди-
Тапанска празнина (наковалната прикажана во долниот десен агол).
-
Приказ на чеканчето (лева коска) и наковаланата (десна коска).
-
Синџирот од трите ковчиња и нивните лигаменти.
Надворешни врски
уредиОваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |