Словени, славно да славиме!

Словени, славно да славиме! (Slavimo Slavno, Slaveni!), S.33 — композиција за машки хор и оргули од Франц Лист, заснована на дело на дубровничкиот поет Медо Пуциќ, компонирана за милениумската прослава на доаѓањето на словенските апостоли Свети Кирил и Свети Методиј во подрачјето на денешна Словачка. Прославата се одржала во Рим во јули 1863 година, организирани од папата Пиј IX. Лист бил лично присутен.

Лист направил аранжмани на хорската пиеса за соло пијано (S.503) и за оргули (S.668).

Литература

уреди
  • Ben Arnold (2002). The Liszt Companion. Greenwood Publishing Group. стр. 148. ISBN 978-0-313-30689-1.