Слика вреди илјада зборови

Слика вреди илјада зборови е идеом, се однесува на можноста со една слика да се објаснат сложени и комплицирани, па дури и нејасни поими, или дека слика на субјектот го пренесува нејзиното значење/срж поефикасно отколку што тоа можат да го сторат описните зборови. Исто така може да карактеризира еден од најважните цели визуализација, односно, овозможува брзо да се апсорбираат големи количини податоци.

Историја уреди

Термин: ”Користи слика. Таа вреди илјада зборови.” се појавува во 1911 година во статија во весникот Тес Фландерс, каде што е цитиран уредникот во расправа за новинарството и публицитетот.

Сличен исказ „Еден поглед, вреди илјада зборови“ се појавил и во 1913 година во оглас во весникот за Пикуа куќа на автомобили во Пикуа, Охајо.

Интересно е дека употреба на овој идиом се припишува бна различни личности: како на пример Фред Р. Барнарда во огласи за трговското списание Printers' Ink, кое промовира употреба на слики во рекламите кои се појавиле на станиците трамвај на 8 децембри 1921 година, потоа с врзува за објава од 10 март 1927 година, каде фразата "Слика вреди десет илјади зборови", е означена како кинеска поговорка. Почетната Книга Поговорки, максими, и познати фрази кои ги цитира Барнард кој вели дека „ги нарекол кинески за луѓето да ги сфатат сериозно". Наскоро потоа фразата станува популарана благодарение на доведување во врска со Конфуциј.

Цитатот некаде се сретнува и припишан наНаполеон Бонапарта, кој во една пригода рекол "Добра скица е подобра од илјада зборови" или "Добра скица е подобра од долги говори".  

Наводи уреди