Сливенска кула
Сливенска кула (грчки: Πύργος Κορομηλιάς) — средновековно утврдување кај селото Сливени во Костурско, Егејска Македонија.[1][2]
Πύργος Κορομηλιάς | |
Место | Сливени, Костурско |
---|---|
Област | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°32′55″N 21°11′22″E / 40.5485° СГШ; 21.1895° ИГД |
Историја | |
Раздобје | среден век |
Белешки за наоѓалиштето | |
Состојба | урнатини |
Местоположба
уредиОстатоците од кулата се наоѓаат на излезот од клисурата Спилието (Берик) на Рулска Река, на 3 км северно од селото Сливени. Целата клисура е покриена со пештери, поради што го ниси тоа име. Пештерата која ја затвора кулата е на десниот брег, на падина на Д’мбенска Планина, на 100 м над коритото на реката и под патот Костур – Преспа.[1]
Историја
уредиКулата била предвидена да штити пештерски скит, метох на манастирот „Св. Архангели“, сместен во или до тврдината Градишта. Оваа тврдина е релативно голема средновековна утврдена населба од околу 2 хектари. По уништувањето на манастирот во 1716 г. метохот му припаднал на неговиот наследник, манастирот „Св. Никола“.[1]
Опис
уредиОтворот на пештерата е висок околу 15 и широк 20 м. Заштитен е од голема ѕидина со план во вид на Г, висока 10 и долга околу 15 м. Во првичниот облик ја покривала целата ширина на пештерскиот отвор, но подоцна дел од неа е срушен. Има два прозорци, од кои едниот е заѕидан. Се гледаат дупките за дрвените греди кои ги држеле подовите.[1]
Според раскажувањето на мештаните, во минатото во пештерата имало црква со олтар, изграден иконостас и фрески.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Πύργος Κορομηλιάς“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 10 декември 2022.
- ↑ „Η βυζαντινή μονή των Ταξιαρχών στην Κορομηλιά Καστοριάς“. Fiout. 8 ноември 2021. Посетено на 10 декември 2022.