Слатката малечка (филм)

„Слатката малечка“ (француски: Pretty Baby) — американски филм од 1978 година, во режија на Луј Мал (Louis Malle), по сценариото на Поли Плат (Polly Platt). Главните улоги ги играат: Брук Шилдс (Brooke Shields), Кит Карадин (Keith Carradine) и Сузан Сарандон (Susan Sarandon). Насловот на филмот е инспириран од истоимената песна на Тони Џексон, која се појавува и во филмот. Филмот добил позитивни оцени од критичарите, но бил критикуван поради приказот на детската проституција и поради сцената со голата Брук Шилдс, која тогаш имала само 12 години. На Канскиот фестивал, Мал ја освоил наградата за техничко достигнување, а покрај тоа, филмот бил номиниран и за „Златната палма“. Исто така, тој бил номиниран и за „Оскар“ за најдобра музика.[1]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот се врти околу една 12-годишна проститутка од Њу Орлеанс на почетокот од 20 век...

Наводи

уреди