Слатина (Зелениково)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Слатина

Карта

Местоположба 41°53′12″N 21°35′12″E / 41.88667° СГШ; 21.58667° ИГД / 41.88667; 21.58667
Основни податоци
Место Зелениково
Општина Зелениково
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Слатинанаселба од неолитско време. Се наоѓа на 200-300 метри пред влезот во селото Зелениково, лево од патот и железничката пруга, на пространа тераса што се издига над старото корито на Вардар, на десната страна. Поголем дел од теренот е обработлив и е сопственост на ЗИК „Светлост“. Со длабокото орање и садењето на овошки површинските слоеви се оштетени и развлечени. Наоѓалиштето е откриено уште во 1950 година, кога е извршено и првото пробно ископување. Подоцна, со ископувањата во 1954 и 1955 година, а особено во 1974 и 1975 година се откриени остатоци од куќи (лепеж) и разни предмети од материјалното производство, особено од керамика. Се работи за поголема населба од средниот неолит, со подолга интерна еволуција, истовремена со населбите од културната група Анзабегово-Вршник II-IV. Посебно значајни се наодите од последниот слој на населбата, од времето на доцниот неолит, според кои е воведена нова културна група наречена Зелениково II. Наодите се чуваат во Музејот на Град Скопје.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069