Сламка
Сламка[1][2] или цевче — тенко цевче што се користи за пиење пијалаци, главно од чаша. Името го добила по сламата од која првично се правела.
Историчарите не знаат кој ја добил идејата да ја направи сламка, но се верува дека е многу стара.[3] Првите познати сламки биле користени за пиење пиво.[3] Најстарата сламка за пиење е пронајдена во сумерска гробница и се верува дека е од пред 3.000 г. пр. н. е., била златно цевче со скапоцен вметна син лазули камен.[3] Во 1800-тите бил правена од 'рж, станала многу модерна и се користела секојдневно бидејќи била евтина, но имала недостатоци бидејќи била мека, поради што се кршела во пијалакот.[3] За да ги отстрани овие недостатоци, Марвин Стоун патентирал помодерна сламка што ја направил во 1888 години.[4] Денешните сламки се прават од полиетилен или полипропилен и се за еднократна употреба. Има различни должини и ширини, а најчесто се долги 20 см. Понекогаш добиваат и чадорчиња.
Галерија
уреди-
Шарени сламки
-
Пијалак со сламка
Наводи
уреди- ↑ „сламка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „сламка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „The Amazing History and the Strange Invention of the Bendy Straw“. theatlantic.com. Посетено на 1 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Bibliographic data: US375962 (A) ― 1888-01-03“. worldwide.espacenet.com. Посетено на 1 септември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)[мртва врска]