Чаша е предмет со тркалезна форма, кој се користи за пиење на различни течности. Чашите најчесто се со зафатнина од два децилитра, но постојат и во други големини. Се изработубаат од стакло, пластика, керамика, дрво и др.

Чаша за виски.

Видови на чаши

уреди

Отоманска Македонија

уреди

Металната чаша во Отоманска Македонија се користела за пиење вода. Подлабока е, со рамно и тесно дно, од кое страните нагло конкавно се прошируваат, а на горниот раб завршуваат рамно. Рачката со форма на буквата „S“, во долниот дел свиткана навнатре, е направена од бакарна подебела искована прачка и на две места е прицврстена за телото со чивии. Чашата била користена, како и многу други од овој тип, на јавните и маалски чешми за пиење вода.[1] Побогатите семејства имале и дома метални чаши, но позачестени биле дрвените.

Покрај чашата со рачка, постоеле и метални чаши без рачка. Тие биле со рамно, тркалезно дно, продолжува нагоре со прави, благо проширени страни. Површината на чашата понекогаш била изгравирана. [1] Оваа чаша се користела во домашни услови, за пиење вода, чување шербет или слична употреба.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Бакарни садови во Македонија од османлискиот период“, Елизабета Конеска, стр. 93, Музеј на Македонија, Скопје, 2000 г.