Славка Пушкарова
Славка Чакарова-Пушкарова – македонска учителка и револуционерка.
Славка Пушкарова | ||
Родена | Струга, денес во Република Македонија | |
---|---|---|
Починала | 3 март 1920 Софија, Бугарија | (возр. 41)
Животопис
уредиСлавка Чакарова е родена во 1879 година[1] во Струга, во семејството на Георги Чакаров и Агнија Чакарова. Нејзините браќа Александар и Станислав се исто така револуционери, а нејзината сестра, Анастасија Узунова, е мајка на деецот на ВМОРО, Христо Узунов. Славка завршила во женската гимназија во Солун, а потоа работела како учителка во Струга. Заедно со Костадина Хаџова, со својата сестра, Царева Голабова и други, го оформила женското здружение „Светлина". Славка Чакарова го сошила знамето на првата чета која делувала во околината. Знамето е направено од црно кадифено платно од едната страна, и од црвено платно од другата страна. Две години подоцна, Славка Чакарова направила друго знаме, со лав и девојка во синџири и расплетена коса. Тоа знаме го користела четата на Милан Матов, а денес се наоѓа во Воено-историскиот музеј. Славка Чакарова заминала да работи како учителка во Охрид. Таму околу себе собрала голема група на жени револуционерки: Василка Размова, Поликсена Попантова, Константина Русинска, Клио Самарџиева, Атина Шахова, Аспасија Каневчева, Фанија Шулева, Флора Лештарова. Од Охрид, Славка заминува во Скопје, каде работи како учителка во текот на наредните четири години. Во Скопје се запознала со Никола Пушкаров, братот на Тодор Каблешков и Стојан Каблешков, со кого подоцна се омажила. Поставена е за секретарка на месниот револуционерен комитет, а околу неа се собираат револуционерки, меѓу кои Љуба Ќупева од Велес, Јанка Каневчева од Охрид и Амалија Примџанова, сите идни сопруги на видни дејци на ВМОРО. Пред почетокот на Илинденското востание Славка со групата жени организирале собирање на парични средства за оружје. По избувнување на востанието, Славка била назначена за заменик на Никола Пушкаров, кој заминал во Бугарија за да ја донесе четата.
Во текот на востанието, Славка се обидува да стигне во Струга преку Солун, а со себе носи куршуми и оружје. На станицата во Солун, Славка Пушкарова е запрена, претресена и затворена. Славка Пушкарова била изнесена пред суд, но поради протестите во Бугарија, била ослободена и екстрадирана во Бугарија. Во текот на 1906 година, Славка склучува брак со Никола Пушкаров.
Умирела во Софија.[2]
Славка Пушкарова како мотив во уметноста
уреди- „Славка Пушкарова“ - песна на македонскиот поет Наум Целакоски.[3]
Наводи
уреди- ↑ Матов, Христо Миланов (1993). Мълчаливецът от Струга: Очерк за живота и делото на македонския революционер Христо Матов. София: Издание на ВМРО-СМД. стр. 80.
- ↑ „Парцел 28“. София помни. Посетено на 2016-01-11.
- ↑ Наум Целакоски, Пролог, 1998, стр. 33-34.