Клио Самарџиева
Клио (Клија) Николова Самарџиева, мажена Бобева, - македонска учителка и револуционерка, деец на ВМОРО.
Клио Самарџиева | ||
Родена | 1880 Охрид, денес во Република Македонија | |
---|---|---|
Починала | 1957 Софија, Бугарија |
Животопис
уредиКлио Самарџиева е родена во 1880 година во Охрид.[1] Во 1897 година завршила трет клас во Битолското женско училиште, и станала учителка во родниот град, каде работела до 1898 година.[1] Во периодот 1899 - 1900 година, работела како учителка во Баница, Леринско.[1] Се приклучила во женската организација на ВМОРО во Охрид, Успение Богородично.[2] Откако Славка Пушкарова заминала за Скопје во 1900 година, на чело на организацијата се поставени Василка Размова и Поликсена Мосинова, а Самарџиева станувала нивна прва помошничка. Учителките учествувале во организирањето на болница за ранети и болни четници во куќата на семејството на Андроник Скопакови.[3] Мосинова, Размова, Самарџиева и Константина Русинска го изработиле охридското револуционерно знаме на ВМОРО, на кое се гледа млада жена и лав кои стојат врз османлиското знаме, а во рака држат знаме на кое пишува „Слобода или смрт“.
Владиката Методиј Охридски кога дознал за постоењето и активноста на револуционерната женска организација, во 1900 година ја испратил Мосинова како учителка во Пехчево, а Самарџиева во Вевчани,[4] каде таа останала до 1902 година.[1]
Поради својата револуционерна дејност, Самарџиева е затворена во 1906 година во Битолскиот затвор.[1][5] Во 1907 година успеала да избега од затворот, и со помош на револуционерната организација избегала во Бугарија.[6] Тука, Клио Самарџиева активно се вклучува во општествените текови, станала член на Комитетот за поставување споменик на Климент Охридски во Софија (1935), потоа, член на Охридското женско друштво „Св. Климент“, како и член на Сојузот на Македонските културно-просветни друштва.[1] Во 1943 година ја добила наградата Дамски крст, трет степен со круна.[1]
Умрела во Софија во 1957 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Обзор на архивните фондове, колекции и единични постъпления съхранявани в Български исторически архив: От фонд No. 381 до фонд No. 599 (PDF). София: Народна библиотека „Кирил и Методий“. 1986. стр. 116. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-08-10. Посетено на 2017-03-07.
- ↑ Veskovic-Vangeli, Vera (2006). Bojadjieva Nasteva-Rusinska, Kostadina (1880 - 1932) in: De Haan Francisca, Krasimira Daskalova, Anna Loutfi, eds. Biographical Dictionary of Women's Movements and Feminisms in Central, Eastern, and South Eastern Europe: 19th and 20th Centuries. Budapest, New York: Central European University Press. стр. 67. ISBN 978-963-7326-39-4.
- ↑ Илинденски сведоштва, том II, дел 2, ДАРМ, Скопје 2016, стр.1498-1499
- ↑ Русински, Никола П. Принос към историята на Вътрешната Македоно-Одринска Революционна Организация (градивен период) за времето 1900-1903 г. Посетено на 2016-06-08.
- ↑ Радев, Симеон (1969). Ранни спомени. София: Български писател. стр. 165.
- ↑ Предлошка:Цитат периодика