Поликсена Поп Антова

(Пренасочено од Поликсена Попантова)

Поликсена Мосинова Поп Антова – македонска учителка и револуционерка.

Поликсена Поп Антова
Родена Охрид, денес во Република Македонија

Животопис

уреди

Поликсена Мосинова е родена и работела како учителка во Охрид.[1] Се приклучила на женската организација на ВМОРО во Охрид, Успение Богородично, или таканаречено „Неделно училиште“. Откако Славка Чакарова заминала за Скопје во 1900 година, на чело на организацијата биле поставени Василка Размова и Поликсена Мосинова. Учителките организирале болница за ранети и болни четници во семејната куќа на Андроник Скопакови.

Мосинова, Размова, Клио Самарџиева и Константина Русинска учествувале во изработка на знамето на ВМОРО.

Наводи

уреди
  1. Илинден-Преображение 1903. София: Български писател. 1968. стр. 191.