Скоша

море во Јужниот Океан
(Пренасочено од Скотиско Море)

Скоша (англиски: Scotia Sea) — море сместено на северниот раб на Јужниот Океан, на границата со Јужниот Атлантски Океан. На запад е Дрејковиот Премин, а на север, исток и југ се протега Скотискиот Лак, кој е подводен срт и островски лак на кој лежат разни острови. Целото море се наоѓа врз Скошанската Плоча. Наречено е по експедицискиот брод „Скоша“.

Скоша
Scotia Sea
Санта во морето Скоша, 1996 г.
Координати57°30′S 40°00′W / 57.500° ЈГШ; 40.000° ЗГД / -57.500; -40.000
Видморе
Океански/морски извориЈужен Океан
Површина&10000000000900000000000900,000 км2
Најг. длабочина6.022 м
Морето во рамките на јужната политопка.

Местоположба и опис

уреди

Морето е водната површина меѓу Дрејковиот Премин, Огнена Земја, Јужна Џорџија, Јужните Сендвички Острови, Јужните Оркниски Острови и Антарктичкиот Полуостров. Сите овие островски групи се сместени врз Скотискиот Лак, кој го обрабува на север, исток и југ. Морето Скоша зафаќа површина од 900.000 км2, од кои половината е над континенталниот праг.

Историја

уреди

Морето е наречено во 1932 г. по бродот „Скоша“ кој пловел по овие води во склоп на Шкотската национална антарктичка експедиција (1902–04) под раководство на Вилијам С. Брус. Најпознатото патување низ ова студено море е направено во 1916 г. од Ернест Шеклтон и уште петмина во приспособеното спасувачко пловило „Џејмс Керд“ кога го напуштиле Слоновскиот Остров и стасале до Јужна Џорџија по неколку недели.

Во Аргентина, Скоша се смета за дел од подрачјето на Аргентинското Море и неколку територии на кои се повикува земјата, како Јужна Џорџија и Фолкландските Острови.

Флора и фауна

уреди

Островите околу морето Скоша се карпести и делумно покриени со мраз и снег преку целата година; сепак, на нив е застапен растителен екорегион на тундра, како на Јужна Џорџија, вулканските Јужни Сендвички и Јужни Оркниски Острови во морето Скоша, како и далечните Јужни Шетлантски Острови недалеку од Антарктичкиот Полуостров и малиот изолиран вулкан Буве. Сите овие острови лежат во студените мориња под антарктичката конвергенција. Растителниот свет се состои од мовови, лишаи и алги, додека морските птици, пингвините и фоките се хранат во околните води.

Морските птици се присутни со црночелниот албатрос (Diomedea melanophris), сивоглавиот албатрос (Thalassarche chrysostoma), пепелавиот албатрос (Phoebetria palpebrata) и талкачкиот албатрос (Diomedea exulans). На самите острови останале пет вида птици, меѓу кои ендемските жолтолкуна пловка (Anas georgica) и антарктичка трепетилка (Anthus antarcticus), како и јужната џиновска бурница (Macronectes giganteus), со големи колонии на Птичјиот Остров.

Пингвините се застапени во поголем број со следниве видови: кралски пингвин (Aptenodytes patagonicus, особено на Јужна Џорџија), уздест пингвин (Pygoscelis antarcticus), златокос пингвин (Eudyptes chrysolophus), подантарктички пингвин (Pygoscelis papua), аделски пингвин (Pygoscelis adeliae) и карпест пингвин (Eudyptes chrysocome).

Фоките се застапени со антарктичката крзнена фока (Arctocephalus gazella) и подантарктичката крзнена фока (Arctocephalus tropicalis) во големи броеви, морскиот леопард (Hydrurga leptonyx), Веделовата фока (Leptonychotes weddellii), огромниот јужен морски слон (Mirounga leonina) и ракојадната фока (Lobodon carcinophagus).[1]

Закани и заштита

уреди
 
Карта на морето Скоша со подводниот релјеф.

Иако островите се одликуваат сурова клима и никогаш не биле трајно населени, истите имале важна улога во риболовот и фоколовот на подрачјето. Животинскиот свет на овие далечни острови е под закана од доведени видови, особeно на Јужна Џорџија, каде се донесени дури и крупни животни како ирвасот, кој денес е отстранет. Екосистемот настрадал и од прекумернен риболов. Јужна Џорџија, Јужните Сендвички Острови и Буве се заштитени како природни резервати, а Птичјиот Остров е место од особен научен интерес. Фоките се заштитени со меѓународни договори и нивниот број се зголемува.

Наводи

уреди
  1. „Антарктичка тундра Мариландија“. Земски екорегиони. Светски фонд за природа (WWF). (англиски)