Скитањата на Осијан и други песни
Скитањата на Осијан и други песни (англиски: The Wanderings of Oisin and Other Poems) е првата поетска збирка на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс, објавена во 1889 година. Печатењето на книгата го помогнал ирскиот национален деец Џон О'Лири кој го организирал собирањето на претплатата, а преводот на англиски јазик го направил Семјуел Фергусон.
Содржина
уредиЗбирката ги содржи следниве песни:
- Скитањата на Осијан (The Wanderings of Oisin)
- Песната на среќниот овчар (The Song of the Happy Shepherd)
- Тажниот овчар (The Sad Shepherd)
- Наметката, чамецот и чевлите (The Cloak, the Boat, and the Shoes)
- Анашуја и Виџаја (Anashuya and Vijaya)
- Индиецот врз бог (The Indian upon God)
- Индиецот на неговата сакана (The Indian to His Love)
- Паѓањето на лисјето (The Falling of the Leaves)
- Ефемера (Ephemera)
- Лудилото на кралот Гол (The Madness of King Goll)
- Украденото дете (The Stolen Child)
- На островот во водата (To an Isle in the Water)
- Во градината Сали (Down by the Salley Gardens)
- Медитацијата на стариот рибар (The Meditation of the Old Fisherman)
- Баладата за отецот О'Харт (The Ballad of Father O'Hart)
- Баладата за Моли Меги (The Ballad of Moll Magee)
- Баладата за ловецот на лисици (The Ballad of the Foxhunter)
Осврт кон делото
уредиЦентрално место во збирката зазема долгата наративна песна „Скитањата на Осијан“ или „Скитањата на Оишин“ која Јејтс ја започнал во 1886, ја завршил во 1888, а ја објавил во 1889 година. Темата за песната Јејтс ја зел од познатата ирска легенда за Осијан. Во „Скитањата на Осијан“, трите патувања ги симболизираат трите фази во животот на Јејтс: среќното детство во Слајгоу (првата книга), напорното момчештво во Лондон (втората книга) и младоста во Хаут (третата книга). Исто така, таа е поврзана и со ирското национално ослободително движење, зашто госпоѓата која ја спасува Осијан е Ирска. Според критичарот Еллман, поемата е ирска по името и по пејзажите, по стилот е предрафаелитска, а по методот симболистичка. Поемата е значајна како прв пристап на Јејтс кон митологијата и историјата кои се посмислено и посилно присутни во подоцнежното негово творештво. Во едно свое писмо од времето на објавувањето на песната, самиот Јејтс ги воочува нејзините слабости, пишувајќи: „Немам преголеми надежи во врска со книгата. Се плашам дека бев малку неразбирлив. А, навистина, имав нешто да кажам. Не знам дали го реков тоа. Сето тоа сега изгледа збркано, неповрзано, нејасно.“[1]
Наводи
уреди- ↑ Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 37-38.