Скитањата на Осијан
Скитањата на Осијан или Скитањата на Оисин (англиски: The Wanderings of Oisin) е поема на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс, објавена во 1889 година како дел од збирката „Скитањата на Осијан и други песни“ (The Wanderings of Oisin and Other Poems).
Содржина
уредиОсврт кон делото
уредиОваа долга наративна песна Јејтс ја започнал во 1886, ја завршил во 1888, а ја објавил во 1889 година. Темата за песната Јејтс ја зел од познатата ирска легенда за Осијан. Во „Скитањата на Осијан“, трите патувања ги симболизираат трите фази во животот на Јејтс: среќното детство во Слајгоу (првата книга), напорното момчештво во Лондон (втората книга) и младоста во Хаут (третата книга). Исто така, таа е поврзана и со ирското национално ослободително движење, зашто госпоѓата која ја спасува Осијан е Ирска. Според критичарот Еллман, поемата е ирска по името и по пејзажите, по стилот е предрафаелитска, а по методот симболистичка. Поемата е значајна како прв пристап на Јејтс кон митологијата и историјата кои се посмислено и посилно присутни во подоцнежното негово творештво. Во едно свое писмо од времето на објавувањето на песната, самиот Јејтс ги воочува нејзините слабости, пишувајќи: „Немам преголеми надежи во врска со книгата. Се плашам дека бев малку неразбирлив. А, навистина, имав нешто да кажам. Не знам дали го реков тоа. Сето тоа сега изгледа збркано, неповрзано, нејасно.“[1]
Наводи
уреди- ↑ Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 37-38.