Скачковски манастир
Скачковски манастир — манастир во северниот дел на Македонија, во селото Скачковце.
Воздушен поглед на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Скачковски манастир |
Други имиња | Манастир „Св. Троица“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Света Троица |
Епархија | Кумановско-осоговска |
Цркви | Црква „Св. Троица“ Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ |
Личности | |
Основач (и) | Стојан Пајковски |
Место | |
Место | Скачковце, Општина Куманово Македонија |
Координати | 42°2′44″N 21°49′37″E / 42.04556° СГШ; 21.82694° ИГД |
Видливи остатоци | две цркви, параклис, чешма, конаци, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Орашачка парохија) |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа јужно од селото, на рид над селото, каде и во минатото имало крст кај кој се собирале селаните на собор.[1] До манастирот води асфалтен пат, кој завршува со голем манастир во подножјето на ридот, од каде водат скали до самиот врв на ридот.[2]
Манастирскиот комплекс зафаќа површина од 20 хектари, уредени со патеки, места за седење, фонтана, мала зоолошка градина и игралиште за деца.[3]
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат две цркви, камбанарија, параклис, 12-метарски крст подигнат во 1996 година, библиотека, чешма, конаци, споменици на Пресвета Богородица и Свети Климент Охридски, 3-метарско велигденско јајце и помошни објекти.[3]
Црква „Св. Троица“
уредиОваа црква е подигната заедно со целиот манастир во 2000 година.
Црква „Рождество на Пресвета Богородица“
уредиОваа црква започнала да се гради во 2021 година.[4]
Конаци
уредиМанастирот поседува нови конаци.
Историја
уредиМестото на кое е подигнат манастирот е познато како крстно место во селото. Како светилиште постои од XIII век.[3]
Манастирот е изграден од познати вевчански мајстори по повод 2000 години од христијанството и осветен во 2001 година. Денес, во него се вршат крштевки, венчавки и молитви. Манастирот годишно го посетуваат над 5.000 ученици.[3]
Како ктитор на манастирот се јавува прота Стојан Пајковски.[3]
Галерија
уреди-
Камбанаријата
-
Летниковец
-
Фурна
-
Молитвен простор
-
Летниковци
-
Конак
-
Помошен објект
-
Чешма
-
Влезната порта
-
Печка
-
Споменик
-
Споменик на Свети Климент Охридски
-
Споменик на Богородица
-
Велигденско јајце
-
Поглед на манастирскиот двор
Наводи
уреди- ↑ Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје: САНУ. стр. 150.
- ↑ „МАНАСТИРОТ „СВ ТРОИЦА" С. СКАЧКОВЦЕ-МАКЕДОНСКАТА ОАЗА НА МИРОТ“. Трибуна. 2020-06-11. Посетено на 2024-01-13.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Манастирот „Света Троица" го заживеа Скачковце“. KumanovoNews. Посетено на 2024-01-13.
- ↑ Георгиевска, Елена (2 мај 2021). „Комплексот „Света Троица" вистинско светилиште“. Македонска телевизија. Посетено на 13 јануари 2024.
Надворешни врски
уреди- Скачковски манастир на Ризницата ?