СИ-ДО

(Пренасочено од Си - до)

СИ-ДО - битолски детски музички фестивал се роди како резултат на долгогодишната музичка традиција на Битола. Имено, во изминатиот половина век, па сè до денес, во Битола делуваа неколку организации и асоцијации коишто непосредно се ангажирани со грижата за воспитување на децата. Една од тие организации беше пионерскиот центар до 1996, а од 2005 е здружението на граѓани од областа на културата Промедиа Битола.

Историја

уреди

На иницијатива на оваа организација уште пред повеќе од две децении секоја година беше организирана една широка музичка приредба под името „Одбираме музички таленти“. На неа учествуваа деца од детските градинки и основните училишта кои имаа желба да пеат и да се натпреваруваат за најдобри пејачи помеѓу своите врсници. Интересот беше необично голем и имаше масовен одзив кај децата од сите возрасти. Организатори беа: пионерскиот дом, тогашната културно-просветна заедница, музичкото училиште и домот на културата на Битола како и некои други општествени организации и поединци. Од 1978 година манифестацијата беше наречена „Дете-фест ДО-РЕ-МИ“. Ова манифестација беше реализирана во спорската хала, а за уметничко-звучната продукција специјално беше ангажиран Славе Димитров кој за оваа прилика состави ревиски оркестар и тоа од врвни музичари (претежно битолчани) кои специјално за оваа прилика допатуваа во Битола од разни краишта на тогашна Југославија со што (бесплатно) му се оддолжија на својот град. Ова едниствено издание на Дете-фест ДО-РЕ-МИ“ како редок настан беше во живо пренесуван на програмите на ЈРТ со посредство на Македонската телевизија, додека во музичките студија на Радио Скопје беа направени снимки на сите изведени песни. Во 1991 година ова манифестација го добива денешното, многу популарно име Дете-фест „СИ-ДО“ или скратено само СИ-ДО, во чест на името на познатиот битолски музички педагог, композитор и диригент Петар Сидовски кој почина во тој период.

Детскиот музички фестивал „СИ-ДО“, во 1998 година се одржува по осми пат. Во сите тие години, во месец мај, во преполнетата голема сала на домот на културата дефилираа над стотина деца годишно - како солисти така и членови на детскиот фестивалски хор. За ова, посебен придонес имаа битолските композитори на детската музика: Петар Сидовски, Кире Костов, Миле Шерденков, Славе Димитров, Петар Ѓорѓиев - Калица, Кирил Тодоровски, Милко Лозановски, Миодраг и Марјан Нечак, Снежана Наумовска како диригент и многу други музички педагози, организатори, директори на организации и друго. Некои од музичките надарени деца учесници на овој фестивал, денес се познати пејачи на македонската естрада. Ќе останат во сеќавање повеќе детски песни во македонската музичка антологија кои за првпат беа испеани на овој фестивал: „Супер бабичка“, „Метро и жилет“ и „Ако“ (музика и аранжман Миодраг Нечак, текст Валентин Соклевски), „Рокер јас сум мила мамо“ (Миле Шерденков) и „Споменар“ (музика Миле Шерденков, текст Валентин Соклевски), „Наташа од трето три“ (Драган Каранфиловски-Бојс), „Без другар тешко е“ (Љ.Мирковски), „Анушка“ (Ристо Самарџиев), „Амадеус, Амадеус“ (Марјан Нечак), „Визба стара и гитара“ (музика Марјан Нечак, текст Валентин Соклевски), „Мамбо ча ча ча“ (Дарко Шерденков) и уште многу други. Денес, овој детски музички фестивал има значјно место во културниот живот на градот, како и многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите. Во 2005 година композиторот Миле Шерденков по иницијатива од граѓаните на град Битола и пошироко еден од првите членови од организацијата на детскиот фестивал СиДо и Дарко Шерденков ја продолжуваат традицијата така што овој фестивал прераснува на едно повисоко ниво во интернационални рамки а тоа се докажува со многубројните награди и признанија што ги добива детскиот музички фестивал СиДо. Се одржува секоја година во месец мај во центар за култура Битола. Го организира З.Г. Промедиа Битола со целосна заштита на брендот СиДо. Директор на фестивалот е Дарко Шерденков.

Познати личности кои пееле на овоj фестивал

уреди