Систем за движење

(Пренасочено од Системот за движење)

Системот за движење, познат и како локомоторен систем, го овозможува движењето на одделните делови на телото, како и движењето на целиот организам во просторот. Кај без‘рбетниците, тој е претставен само и главно со мускулниот систем, а кај ‘рбетниците со мускулен и со скелетен систем, при што скелетот е пасивниот дел, додека мускулниот систем е активниот дел на овој систем.

Ларва од бубачки што врши праволиниско движење

Скелетен систем

уреди
Основна статија:Скелет

Под скелет се подразбираат сите цврсти творби во внатрешноста или површината на животинското тело кои служат како телесни потпирачи и за кои се прицврстени мускулите и другите меки органи. Скелетните делови можат да бидат живи производи од телото (коските и ‘рскавицата) или мртви излачени производи (черупките на мекотелите или хитинскиот оклоп на членконогите).

Мускулен систем

уреди
Основна статија:Мускулен систем

Мускулниот систем е збир од мускули преку кој се остваруваат сите движења на телото или на неговите делови. Морфолошки и физиолошки се разликуваат три вида на мускули: напречно-пругасти, мазни и срцевиот мускул како посебен.