Синхалски јазик
Синхалскиот (සිංහල siṁhala /ˈsiŋɦələ/), или понекогаш наречен синхалезиски, е индоариски јазик, од групата на индоирански јазици од семејството на индоевропски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Синхалите, доминантната етничка група на Шри Ланка. Синхалскиот е национален и службен јазик на Шри Ланка. На Шри Ланка околу 16 милиони Синхали го зборуваат како мајчин јазик, а како втор јазик го зборуваат околу 3 милиони луѓе.[2] Синхалскиот се пишува на синхалска азбука. Најсроден на синхалскиот јазик е малдивскиот, но не се меѓусебно разбирливи. Двата јазика ја сочинуваат подгрупата островски индоариски јазици од групата на јужни индоариски јазици.
Синхалски јазик | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
සිංහල siṁhala | ||||||
Застапен во | Шри Ланка | |||||
Говорници | 17 милиони (2007)[1] | |||||
Јазично семејство | ||||||
Претходни облици: | елу пракрит
| |||||
Дијалекти | веда (можеби креолски јазик)
| |||||
Писмо | синхалска азбука | |||||
Статус | ||||||
Службен во | Шри Ланка | |||||
Јазични кодови | ||||||
ISO 639-1 | si | |||||
ISO 639-2 | sin | |||||
ISO 639-3 | sin | |||||
| ||||||
| ||||||
Етимологија
уредиЗборот 'sinhala' потекнува од санскритскиот јазик, што пак одговара со средно индоарискиот поим 'Sīhala'; всушност 'синхала' е 'хела' или '(h)eḷu'. Двата поима го содржат зборот 'simha' или 'sīha' што значи „лав“.[3] Според легендата, Синхабаху бил син на принцезата од Ванга и еден лав. Тој го убил неговиот татко и станал крал на Ванга. Неговиот син, Виџаја ќе пребегне од северна Индија во Ланка.[4] Зборот 'la' се поврзува со значањето “обзема, зграпчува“,[5] па така целосното име во слободен превод би било „фаќач на лав“ или „убиец на лав“. Сепак нема цврсти докази за ова, освен за поимот „лав“.
Развој
уредиРазвојот на синхалскиот јазик е поделен на 4 етапи:
- синхала пракрит (до 3 век)
- прасинхалски (3 - 7 век)
- средновековен синхалски (7 - 12 век)
- современ синхалски (12 век - денес)
Фонологија
уредиуснени | забно/ алвеоларни |
ретрофлексни | палатални | веларни | глотални | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|
носни | m | n̪ | ɳ | ɲ | ŋ | ||
експлозивни | безвучни | p | t̪ | ʈ | tʃ | k | |
звучни | b | d̪ | ɖ | dʒ | ɡ | ||
пренасализирани | ᵐb | ⁿ̪d̪ | ᶯɖ | ᵑɡ | |||
фрикативни | (f) | s | (ʃ) | h | |||
ротички | r | ||||||
апроксимантни | ʋ | l | j |
предни | централни | задни | ||||
---|---|---|---|---|---|---|
долги | кратки | долги | кратки | долги | кратки | |
затворени | iː | i | uː | u | ||
средни | eː | e | (ə) | oː | o | |
отворени | æː | æ | aː | a |
Синхалски јазик
| |
Писмо | синхалски |
Пример | Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Текст | සියලූ මනුෂ්යයෝ නිදහස්ව උපත ලබා ඇත. ගරුත්වයෙන් හා අයිතිවාසිකම් සමාන වෙති. යුක්ති අයුක්ති පිළිබඳ හැඟීමෙන් හා හෘදය සාක්ෂියෙන් යුත් ඔවුනොවුන්වුන්ට සැළකිය යුත්තේ සහෝදරත්වය පිළිබඳ හැඟීමෙනි. |
Siyalū manuṣyayō nidahasva upata labā. Garutvayen hā ayitivāsikam samāna veti. Yukti ayukti piḷiban̆da hæn̆gīmen hā hṛdaya sākṣiyen yut ovunōvunvunṭa sæḷakiya yuttō sahōdaratvaya piḷiban̆da hæn̆gīmen. | |
Македонски | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност. |
Портал: Јазици |
Наводи
уреди- ↑ Nationalencyklopedin "Världens 100 största språk 2007" The World's 100 Largest Languages in 2007
- ↑ „Census of Population and Housing 2001“ (PDF). Statistics.gov.lk. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-07-12. Посетено на 2013-11-16.
- ↑ Caldwell, Robert (1875). „A comparative grammar of the Dravidian or South-Indian Family of Languages“. London: Trübner & Co. Наводот journal бара
|journal=
(help), pt. 2 p. 86. - ↑ Geiger, Wilhelm: Culture of Ceylon in Mediaeval Times. 2nd edition, Stuttgart 1986. ISBN 3-515-04447-7. §21.
- ↑ Carter, Charles: A Sinhalese-English Dictionary. Reprint, New Delhi 1996. ISBN 81-206-1174-8. p678.
Поврзано
уредиДополнителни информации
уреди- Gair, James: Sinhala and Other South Asian Languages, New York 1998.
- Gair, James and Paolillo, John C.: Sinhala, München, Newcastle 1997.
- Geiger, Wilhelm: A Grammar of the Sinhalese Language, Colombo 1938.
- Karunatillake, W.S.: An Introduction to Spoken Sinhala, Colombo 1992 [several new editions].
- Clough, B.: Sinhala English Dictionary, 2nd new & enlarged edition, New Delhi, Asian Educational Services, 1997.
- Gair, James (1998). Studies in South Asian Linguistics. New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-509521-9.
- Van Driem, George (Jan 15, 2002). Languages of the Himalayas: An Ethnolinguistic Handbook of the Greater Himalayan Region. Brill Academic Publishers. ISBN 90-04-10390-2.
- Indrapala, Karthigesu (2007). The evolution of an ethnic identity: The Tamils in Sri Lanka C. 300 BCE to C. 1200 CE. Colombo: Vijitha Yapa. ISBN 978-955-1266-72-1.
Надворешни врски
уреди- Вовед за синхалскиот јазик и култура
- Синхалско-англиски речник
- Sanksipta Simhala Sabdakosaya Архивирано на 15 јули 2013 г.
- Синхалски речник
- Синхалска енциклопедија Архивирано на 9 октомври 2013 г.