Синдром на работна исцрпеност
Синдром на работна исцрпеност, исто така познат и како синдром на прегорување и синдром на професионално согорување — синдром што се одликува со сврзува на длабок замор, намалено инвестирање во професионалната активност и чувство на неуспех во работата. Синдромот на работна исцрпеност се смета за резултат на хроничен професионален стрес (на пример, поврзан со работно преоптоварување): личноста не успева да се соочи со адаптивните побарувања на нејзината професионална околина и забележува пад на својата енергија, мотивација и самодоверба.
Синдром на работна исцрпеност | |
---|---|
Специјалност | Психологија |
Во 1969, Херолд Б. Бредли е првата личност која го истакнува синдромот во својата статија „Третман заснован на заедницата за млади возрасни прекршувачи на законот“ (англиски: „Community-based treatment for young adult offenders“), запишувајќи го како посебен вид на стрес поврзан со работата користејќи го англискиот термин burnout. Овој термин повторно се употребува во 1974 од страна на психоаналистот Хеберт Ј. Фројденберг и потоа од страна на психологот Кристина Маслак во 1976 во нејзините студии за мафинестациите на работна износеност.[1]
Според првите набљудувачи, синдромот на работна исцрпеност првично се појавува кај луѓе чии професионални активности имплицираат дека човечката интеракција е важна — такви се социјалните работници, здравствените професионалци и професорите. Проучувањето на овие професионални категории од страна на истражувачите најчесто ги истакнува повторувачките соочувања поврзани со болка и неуспех како главните причинители во случаите на манифестација на синдромот на работна исцрпеност. За време на првичните набљудувања на синдромот, тој е познат како психолошки синдром поврзан со професиите кои вклучуваат помош. Овој концепт преовладувал некое време и служел како патоказ за концепцализацијата на овој феномен како и првите работни истражувачки трудови на тоа поле. Но стекнувањето на поголем број на информации по овие првични истражувања помогнало да се прошират ризиците за манифестација на синдромот на работна исцрпеност на групата на индивидуалци на работното место без разлика на нивната активност.
Покрај неговиот успех во медиумите и популарноста кај поголемата јавност, синдромот на работна исцрпеност не е препознаен како пореметување по интернационалните нозолошки класификации како што се M ICD-10 или DSM 5. Моментално, не постојат заеднички прифатени критериуми во медицинскиот свет за дијагностика на синдромот. Многу земји не го признаваат синдромот како професионална болест; ова се должи на фактот што исцрпеноста е проблематички слична на депресијата (врз основа на клинички и потклинички форми), како што покажуваат голем број на француски, американски и скандинавски истражувања и студии. Важно е да се посочи дека исцрпеноста е воведена во научната литература во отсуство на преглед на литературата посветена на психичките нарушувања поврзани со стресот (на пр. анксио-депресивни случаи) и во отсуство на систематски клинички набљудувања.[2]
Препознавање на синдромот
уредиХерберт Фројденберг и прв опис
уредиСпецијалистичката литература воглавно признава дека психотерапевтот и психијатар Херберт Фројденберг е автор на првите истражувања во областа на синдромот на работна исцрпеност.[3] Во неговата статија „согорување на персонал“ (англиски:„Staff burnout“) објавена во 1974,[4] прв обид за опис на состојбата Херберт Фројденберг прикажува со терминот „синдром на согорувањел“ (англиски:Burn-Out Syndrome (B.O.S.))[5] состојба на исцрпеност во која се наоѓа персоналот на медицински професионалци во Free Clinics, кои се професионално и емоционално поврзани со пациенти кои се зависници. Тој го објаснува ова согорување како загуба на мотивацијата на личноста кон својата работа, особено кога нејзината силна посветеност ги нема дадено очекуваните резултати.
Во 1970-те Фројденберг води една дневна болница која ги хоспитализира зависниците од населбата Lower East Side во Њујорк. Установата функционира главно благодарение на млади доброволци. Фројденнберг ги започнува своите обзервации откако забележал дека голем број на овие доброволци завршуваат така што ја губат целата своја мотивација по приближно една година со активност. Сфаќа дека постојат карактеристични физички симптоми кои ги проследуваат овие промени како што се истоштеност, замор, подолго трање на настинките, главоболки, гастроинтестинални проблеми и инсомнија.
Во неговите истражувања, Фројденбер го истакнува бројот на симптоми на однесување и го поставува портретот на личности кои се потонати во нивните емоции. Гневот, иритабилноста, оневозможеноста да се соочат со тензиите, новите ситуации но и загубата на енергија се меѓу знаците кои ги нарекува „пукнување“ (анг. cracking) и ментална и емоционална исцрпеност. Херберт Фројденберг исто така проценил дека негативни ставови и цинизам се исто така манифестации кои се делот од клиничките документи. Тој предложува стратегии на наддавање, како што се поминување повеќе и повеќе време на работа и неефикасно користење на хиперактивноста, но исто така стратегии на избегнување како што се изолација и избегнување на контакт со колеги. Англискиот термин burnout се користи во тоа време за да се обележат ефектите на наркоманијата; за Фројденбер претставува ефикасна метафора за збирот на симптоми кои тој ги набљудува. Во секојдневниот англиски јазик, burnoutзначи „истрошување, исцрпување, кршење поради преголеми барања на енергија, сила или ресурси“.[6]
Поради неговото искуство, Херберт Фројденберг забележува дека кај младите волонтери првичната посветеност и сигурноста со која ја вршат важната работа се доволни еден период за да се одржи задоволството и да се одржува трудот. Сепак, во тој период, пациентите кои тој ги лечи во својата клиника се отпорни и често не ги прифаќаат советите. Во таква средина, помошта и енергијата искористена на овие млади волонтери се често попусти. Фројденбер истакнува исто така дека „токму поради тоа што сме посветени на својата должност ние паѓаме во замката на пукање [cracking]“.[7] После Фројденберг и Ричелсон во 1980, синдромот на работна исцрпеност се појавува кога личностите имаат идеализирана слика за себеси, се перцепираат како динамични, харизматични, особено компетентни и завршуваат со тоа што ја губат поврзаноста со своето вистинско јас.[8][9]
Признавање на синдромот во земји низ светот
уредиВо јули 2015, националнотo францускo собрание одлучило дека синдромот на работна исцрпеност не може да се обележи како професионална болест.[10] Во 2016, Бенуа Хамон, поранешен министер на националното образование во Франција, дал предлог-закон на француското национално собрание за да се олесни препознавањето на случаи на исцрпеност во Франција.[11]
Наводи
уреди- ↑ „Qu'est-ce qu'un burn-out ? | Aide Burn Out“. Aideburnout.fr (француски). Посетено на 2016-12-26.
- ↑ Wilmar Schaufeli, Dirk Enzmann (1998). „The Burnout Companion to Study and Research: A Critical Analysis“ (англиски). London, UK: Taylor & Francis. Отсутно или празно
|url=
(help) - ↑ [[#CITEREF|]], стр. 7 .
- ↑ [[#CITEREF|]], стр. 159-165 .
- ↑ [[#CITEREF|]], стр. 198 .
- ↑ [[#CITEREF|]] .
- ↑ [[#CITEREF|]], стр. 160 .
- ↑ [[#CITEREF|]], стр. 14-15 .
- ↑ [[#CITEREF|]], стр. 17-32 .
- ↑ „Le burn out ne sera pas reconnu comme une maladie professionnelle“. lefigaro.fr (француски). 22 јули 2015. Посетено на 22 јули 2015.
- ↑ „Benoît Hamon veut la reconnaissance du burn-out : pourquoi ça coince?“. L'Obs (француски). 2016-02-17. Посетено на 2016-03-03.