Сина џамија (Ереван)
Сината џамија (ерменски: Կապույտ Մզկիթ, Капујт Мзкит или Գյոյ Մզկիթ, Ѓој Мзкит; азербејџански: Göy məscid; турски: Gök Camii, Ѓок Џами) е џамија која се наоѓа во Ереван, Ерменија. Оваа џамија била изградена во 1766 година во времето на Хусеин Али, хан на Ереван. Тоа е една од најголемите градби во Ереван, кога градот попаднал под руска власт во 1827 година. Во времето на СССР, оваа градба била претворена во музеј на градот Ереван. Но со распаѓањето на СССР кон почетокот на 90-те градбата повторно била претворена во џамија.
Сина џамија Կապույտ Մզկիթ | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Ереван, Ерменија |
Припадност | ислам |
Осветен | 1766 |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | Џамија, музеј |
Особености | |
Минариња | 1 |
Оваа статија џамија или друго исламско светилиште е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |