Пало Алто (Калифорнија)
(Пренасочено од Пало Алто)
Пало Алто (англиски: Palo Alto) е град во северозападниот дел на округот Санта Клара, Калифорнија, САД. Пало Алто се наоѓа во близина на Санфранцискиот Залив и е именуван по крајбрежна црвена секвоја под името El Palo Alto, шпански за висок стап. Секвојата El Palo Alto сѐ уште постои во еден од палоалтовските паркови.[1]
Овој град е еден од центрите на Силициумската Долина и во него се сместени седиштата на голем број технолошки компании.
Наводи
уреди- ↑ „City of Palo Alto, CA - History of Palo Alto“. www.cityofpaloalto.org (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-11-15. Посетено на 2020-05-04.