Фабула
Фабула или сиже — поим што потекнува од рускиот формализам и се употребува во наратологијата, при што се опишуваат наративни конструкции. Сиже е употреба на нарација, а фабула е редоследот по кој се прераскажуваат настаните. Тие првпат биле употребени на ваков начин од Владимир Проп и Шкловски.
Фабулата на еден текст е сиров редослед по кој настаните се случиле, а сиже се дефинира како начин на кој овие настани се отсликани и преструктуирани во заплетот. Од Аристотел (350 година п.н.е, 1450б25) наративните заплети треба да имаат почеток, средина и крај. На пример, филмот Граѓанинот Кејн почнува со смртта на главниот лик, а потоа го раскажува неговиот живот преку ретроспектива, што е испреплетено со истрага на еден новинар за животот на Кејн, која се случува во поново време. Ова честопати се постигнува во филмовите и во романите преку движење напред и назад во времето.
Критички преглед на сиже и фабула
уредиКритиките на сиже и на фабула потпаѓаат под постструктурализмот, симболичката интеракција, јазичните студии и писателите на домородни приказни. Она што е интересно е како домородните писатели и постструктуралистите ја враќаат приказната од наративната хегемонија.
Критиката на Џонатан Кулер (1981: 170-172) за сиже и фабула е дека тие сочинуваат таканаречен двоен потег. Првиот потег е да го постават сижето (нарацијата) во хиерархиска доминација над фабулата (приказната). Приказната при првиот потег се сведува само на хронологија на настани. При вториот потег, нарацијата си ја поништува првичната двојност за да се врати по истиот пат и да го избрише редоследот на настани (Кулер, 1981: 171).
Жак Дерида (1979) е исто така критичар на логоцентричниот хиерархиски ред на сиже и фабула. Тој прашува, „Што ако има начини на раскажување во облик на приказна, исто како што има начини на раскажување во облик на нарација? И ако е така, како таа нарација во американско - европската традиција станала попривилегирана од приказната?“ Еден одговор е дека нарацијата е и сиже (вклученост) и подложеност на фабулата (приказна претставена преку нарација). На пример, Дерида гледа на нарацијата како да таи нешто страшно кога ја потиснува приказната:
Прашањето за нарација скромно ја задоволува потребата од нарација, насилен инструмент за отворање на прашањето за потиснување на нарацијата, како таа да е страшна тајна, на начини што се движат од прастари полициски методи до рафинирано поттикнување (и дозволување) говор кој е крајно неутрален и културен, претежно медицински, психијатриски, па дури и психоаналитички. (Дерида, 1979: 94).
Ако приказната е повеќе од фабула, во која доминира нарацијата, таа може да има свој сопствен дискурс, наместо да е подредена на нарацијата. Дерида си игра со таа идеја на поставување на приказната во однос на нејзиниот хомоним:
Секоја „приказна“ (и секое појавување на зборот „приказна“, (само по себе), секоја приказна во приказната) е дел од другото, го прави другиот дел (сам по себе), одеднаш е поголема или помала од себе, се вклучува без да се внесе (или разбере) себеси, се идентификува со себе дури и ако останува сосема различна од нејзиниот хомоним. (Дерида, 1979: 99-100).
Симболичен интеракционизам
уредиЖером Брунер исто така ги отвора прашањата за сиже и фабула. Брунер го сумира сижето како заплет на нарацијата, а фабулата како безвремена главна тема (Брунер, 1986, стр. 7, 17-21). Брунер сака фабулата да биде нешто повеќе од „слободно ограничување на приказната“: „Мислам дека добро ќе ни оди да имаме такво слободно ограничување бидејќи ќе успееме во тоа што мора приказната „да биде“ за да биде приказна“ (стр. 17).
Проблемот за Брунер е да ги истражи главните наративни структури (сижеа), не само во рускиот формализам, туку исто така и кај француските структуралисти (Барт, Тодоров и други). Европските формалисти ги поставија основите на наративната граматика (односно, едноставните трансформации на Тодоров на стил, намера, резултат, начин, аспект и статус, како и комплексните трансформации на појава, знаење, хипотеза, опис, субјектификација и став.) За Брунер, приказната (фабулата) практично станува текст (стр. 32) на наративната граматика. „Меѓутоа, Шотер сугерира дека Брунер не успеал да ги вклучи тие „специфики на другото“ во корист на апстрактното објаснување на процеси што имаат значење туку во корист на опис на формирањето дијалози“ (Мос, 2003: 2). Со други зборови, се јавува потреба да се разгледа како нарацијата ја следи граматиката и апстрактните значења, додека приказната може да биде во облик на дијалог и социјална.
Јазични студии
уредиМихаил Бахтин исто така не е убеден дека сиже и фабула е целосно објаснување на врската меѓу нарацијата и приказната. Како Дерида, Бахтин се сомнева за хегемониската врска што нарацијата ја има над приказната.
За Бахтин (1973: 12) „наративните жанрови секогаш се затворени во цврста и стабилна монолошка рамка“. Приказната, за Бахтин, е дефинитивно повеќе дијалошка, на пример, на „полифонски начин на приказната“ (Бахтин, 1973: 60).
Бенџамин Ворф (1956: 256) по забелешката на Франц Боас, изјави дека Хопи Индијанците не се гледаат самите или животот како наративна граматика или модел. Наместо минато-сегашност-иднина, како одделно наративно сиже, искуството на Хопи Индијанците е „река од настани“. Шотер (1993: 109) укажува на „реката настани“ на Ворф и на разликите меѓу Хопи Индијанците и евро-американскиот простор и време. Пар-Дејвис (види, извори на Интернет) ја критикува теоријата на Ворф дека е тоа само лингвистички модел на говор што менува како се раскажуваат просторот и времето (или внесени во заплетот преку сижето).
Приказната кај домородните писатели
уредиСè поголем број домородни автори ѝ даваат сè поголема улога на приказната над фабулата, како отпор на евро-американската формалистичка и структуралистичка нарација. На пример, Лесли Мармон Силко (1981) вели „белите етнолози јавуваат дека изумира говорната традиција меѓу домородните Американци“ (стр. 28). Наративното сиже/фабула има тенденција да претвори домородна приказна во музејски артефакт, бидејќи архетип-нарацијата е без „суровата реалност како глад, сиромаштија и неправда“ (стр. 280) и дека традициите на домородната приказна беа „погрешно менувани поради европско мешање – претежно поради практиката да се одземаат децата од раскажувачите кои во минатите генерации им ја раскажале на децата цела култура и идентитет на народот“ (стр. 6). Идејата тука е дека познавањето на приказната се учи во самото племе, па се нарушува помнењето на приказната, која се пренесува од генерација во генерација, кога децата се оттргнуваат од нивните домови, им се забранува јазикот, итн. Томас Кинг (2005) во Вистината за приказните расправа дека нарацијата прави компромис со приказната. Фабулата на приказната, социјалната структура на приказната губи глас. Кинг расправа дека приказната го обликува идентитетот поинаку од нарацијата. Домородните писатели посебно го оспоруваат индијанскиот идентитет што е измислен во американско-европската етнологија, фолклор, антропологија, историја и литература. Џејмс Кокс (2006) ја смета нарацијата (во традицијата на евро-американскиот контекст на сиже/фабула) како „средство за доминација: (стр. 24) и „колонијално наметнување“ (стр. 25).
Можни насоки на истрага
уредиАнтинарација – Антинарацијата се дефинира како двоен потег на облог (анте) или пред (анте) приказната кога се оформува во нарација (Боје, 2001). Еден начин на пристап кон сиже и фабула е да се претпостави дека приказната на фабулата е претходник на заплетот на сижето од нарацијата. Ова ќе биде доследно со „Време и расказ“ на Пол Рикер (1983), во која првиот мемезис е пред-приказна на вториот мемезис на заплет, што е претходник на третиот мемезис на сфаќање на значењето на заплетот. Ова е основата за херменевтика на расказот. Втората насока на истражување ќе биде кон сиже и фабула како антинарации кои може да го дефрагментираат или на друг начин да го отплеткаат заплетот (сижето), претворајќи ги во приказна (фабула). Со други зборови, наместо да се претпостави просторен концепт на време (Шотер, 1993), како просторно-минато, просторна- сегашност и просторна-иднина, ќе има други видови од Бахтин (1981) хронотопи (релативности време-простор).
При антинаративните анализи разликата меѓу фабула и сиже станува неважна од неколку причини. Ниту фабулата ниту сижето не ги земаат предвид општествените услови кои се основа на реконструкција на сижето. Според Бенџамин, раскажувачот фактички едвај е присутен како социолошка фигура (Бенџамин 1969). Дури и ако го сметаме сижето како дел од социјалната практика (иако наратолозите не ставаат акцент на тоа), сижето се занимава со когнитивни модели што се земаат здраво за готово во одредена култура како што Бахтин покажа (Бахтин, 1981), додека цел на антинарацијата е да ги покаже несигурностите на овие модели и единственоста на човечкото искуство. Сиже е модел на заплет што иако е историзиран не ги зема предвид слабите точки во расказот и отвореноста кон сомнеж.