Сидетски јазикмртов анадолски јазик кој се зборувал до 3 век п.н.е. во Анадолија.

Сидетски јазик
Застапен воДревна Анадолија
Изумренпо 3 век п.н.е.
Јазично семејство
Писмосидетско писмо
Јазични кодови
ISO 639-3xsd
Linguistxsd

За сидетскиот јазик се знае од ископаните парички кои датираат од 5 до 3 век п.н.е. и ископани во Сиде, денешна Турција. Покрај монетите, постојат и неколку зачувани натписи, поточно две двојазични натписи на старогрчки и сидетски кои датираат од 3 и 2 век п.н.е. Старогрчкиот историчар Аријан во неговата книга Анабасис на Александар од 2 век споменува постоење на интересен староседелски јазик во градот Сите на Памфилискиот брег на Анадолија.

Се верува дека сидетскиот јазик бил сроден со лидискиот, карискиот и ликискиот јазик. Сидетскиот се пишувал со сидетско писмо, азбука од анадолската група. Писмото имало 25 букви, од кои само неколку се јасно воочливи дека потекнуваат од старогрчкото. Сепак, писмото не е дешифрирано.[1]

Докази

уреди

Натписи и монети

уреди

За првпат монети од Сиде биле откриени во 19 век, кои биле испишани на писмо кое тогаш не било познато. Во 1914 година, бил откриел олтар во Сиде со старогрчки натпис , покрај тој на сидетски. Сепак, повторно сидетскиот текст не бил познат. Со откривањето на двојазичниот натпис во 1949 година на старогрчки и сидетски, Хелмут Теодор Босерт можел да открие 14 букви од сидетското писмо.[2] Во 1964 голем камен блок бил откриен во близината на источната порта на Сиде, каде имало испишано два долги текста на сидетски. Текстовите вклучувале позајмени зборови од страогрчкиот (istratag од στρατηγός, 'командир' и anathema- from ἀνάθημα, 'заветен дар'). Во 1972, бил пронајден текст надвор од Сиде, за првпат надвор од овој град, во соседниот Лирба. Моментално се познати единаесет сидетски монети со натписи.

Цитирања

уреди

Додатно на натписите и монетите, два сидетски збора се познати со анализа на старогрчките текстови: ζειγάρη за еребица камењарка, спомнат од древниот лексикографер Хесихие од Александрија, и λαέρκινον за валеријана, цитирано од Гален. Дополнително на тоа, се верува дека некои неразбирливи карактери во третата книга на Хипократ Епидемија биле првично цитирани од лекарот Мнемон од Сиде, кои можеби биле на сидетско писмо.[3]

Особености

уреди

Натписите кои се пронајдени даваат докази деке веќе јазикот бил под силно старогрчко влијание во моментот кога се правеле. Како и ликискиот и карискиот, така и овој јазик е дел од групата на лувиски јазици, но сепак само неколку зборови имаат лувиски корени, како на пример malwadas 'заветен дар' (лувиски malwa-) и maśara 'за боговите' (лувиски masan(i)-, 'бог', 'божество').

Во сидетскиот не се бележел номинативот во еднина, додека пак генитивот завршувал на -(a)s а дативот на -o во единина и -a во множина. Со сигурност сè уште не се установиле сидетски глаголи.

Наводи

уреди
  1. „Not The Roadmap“. Unicode Consortium. 2012-09-27. Посетено на 2013-03-03.
  2. Bossert, H. T. (1950). „Scrittura e language di Side in Pamfilia“. PdP. 13: 32–46.
  3. Nolle, Johannes (1983). „Die „Charaktere" im 3. Epidemienbuch des Hippokrates und Mnemon von Side“. Epigraphica Anatolica. 2: 8.85–98.

Надворешни врски

уреди