Ликиски јазик
Ликиски (Trm̃mili) е назив за јазикот зборуван на територијата на Ликија и во околината. Во старите записи на Римјаните стоиу дека областа Ликија била населена со посебен народ наречен ликици.Името доаѓа од називот Lukka и е непопуларен назив за население што живеело на бреговите на Ликија во бронзената доба. Денес, Ликија е дел од провинциите Антaлија и Фетије во турција особено во планинските предели на заливите. Населението Лука можеби било населенпо веднаш до оваа област во Анталија и Мерсин.
Ликиски јазик | |
---|---|
Trm̃mili | |
Изговор | трмили |
Застапен во | Анадолија, Турција |
Подрачје | Мала Азија |
Јазично семејство | индоевропско
|
Писмо | ликиска азбука |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | – |
Ликискиот бил индоевропски јазик од лувинската подгрупа на анадолски јазици. Сите јазици од оваа подгрупа освен лувинскиот биле зборувани во железната доба после 1000 п.н.е. Лувинскиот јазик се зборувал и во бронзената доба со падот на Хитската империја. Наскоро потоа исчезнал.
Ликискиот јазик денес ни е познат благодарејќи на неколку натписи. Од нив научниците издвоиле два дијалекта, од кои еден се смета за стандарден ликиски јазик а додека другиот наречен милиски и се разликуваат според граматичките црти. Ликискиот имал своја азбука, ликиска азбука, што била слична со грчката азбука.
Оваа статија поврзана со индоевропските јазици е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |