Сестрата на сердарот Ѓурковиќ

Сестрата на сердарот Ѓурковиќ (српски: Сестра Ҕурковића-сердара) - српска епска (јуначка) песна.

Содржина

уреди

Убавата Марија, сестрата на сердарот Ѓурковиќ од Ливно, добива повеќе понуди за брак. Таа се согласува да се омажи за Илија Смиљаниќ од Котор при што ги одбива понудите на неколку турски аги. Откако ја зема невестата, Илија се враќа назад со сватовите, но патем е загрижен, дознавајќи дека одбиените турски аги го чекаат во заседа во планината. Тогаш, Марија се облекува во неговата облека и ја напушта свадбената поворка, упатувајќи се сама кон Котор. Во планината, неа ја запираат агите, но таа успева да ги излаже и безбедно пристигнува во домот на Илија. Таму ја здогледува сестрата на Илија, која веднаш се вљубува во Марија, мислејќи дека е некој непознат јунак. И Илија безбедно се враќа дома со сватовите, но тој е несреќен, мислејќи дека Марија е заробена. Кога сестра му му ја соопштува желбата да се омажи за непознатиот јунак, тој сфаќа дека Марија успеала да се спаси. Потоа, тие прават свадба, по што живеат долг заеднички живот, со две ќерки и четири сина.[1]

Осврт кон песната

уреди

Во песната, Марија Ѓурковиќ е претставена како ведра јунакиња, надмоќна и со умот и со срцето. Таа не тагува, туку се бори и победува. Наоружана со оружје, со љубов и со омраза, таа е жив пример на женското јунаштво и отелотворување на народната желба сите да се вклучат во борбата за слобода.[2]

Наводи

уреди
  1. „Сестра Ҕурковића-сердара“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 363-371.
  2. Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 18.