Сестрата на Зигмунд Фројд

Сестрата на Зигмунд Фројдроман на македонскиот писател Гоце Смилевски објавена во 2007 година во издание на издавачката куќа „Дијалог“.[1] Српското издание на книгата го објавила издавачката куќа Лагуна од Белград во 2019 година во превод на Зоран Паневски.[2]

Сестрата на Зигмунд Фројд
АвторГоце Смилевски
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрроман
ИздавачДијалог
Издадена
2007
Медиумпечатено издание
ISBN9786084525851

За книгата

уреди

Во романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ е прикажан односот меѓу главниот лик на романот Адолфина и нејзиниот брат Зигмунд Фројд. Прикажани се нивната блискост во детството, асоцијацијата на Адолфиното дружење со сестрата на Густав Климт во виенската психијатриска болница, нејзините соништа и нивните мисли. Авторот го разгледува прашањето дали Зигмунд Фројд е одговорен за смртта на неговите сестри во концентрационен логор.[3][4]

Романот го опишува раздобјето кога, по доаѓањето на нацистите во Виена, во 1938 г. Зигмунд добил излезна виза. Благодарение на неговиот углед и познанства, тој добил можност да состави список на оние што ќе ги земе со себе.[5] Решил со себе да ги поведе сопругата, децата со семејствата, сестрата на сопругата, куќната помошничка, личен лекар и куче, но не и некоја од четирите сестри. Четирите сестри ги оставил во Виена.[3] Недолго потоа, додека Фројд ги живеел своите последни денови во Лондон, неговите сестри ќе бидат одведени во концентрациониот логор Терезин и ќе бидат погубени.[5]

Книгата е заснована на вистинска приказна и им дава глас на оние нечујните, тука најмногу на Адолфина Фројд, надарена, чувствителна жена која животот го поминала во сенка, негувајќи ги мајка си и татко си.[5]

Изданија на други јазици

уреди

Романот е преведен на преку 30 јазици.

Српското издание на книгата го објавила издавачката куќа Лагуна од Белград во 2019 година во превод на Зоран Паневски.[2]

Во Соединетите Американски Држави „Сестрата на Зигмунд Фројд“ го објавил „Пингвин“ од Њујорк. Романот е објавен и во Франција, Бразил, Италија, Португалија, Турција, Холандија, Шпанија, Унгарија, Германија, Бугарија, Романија, Литванија, Чешка, Словенија, Хрватска, Норвешка, Русија, Босна и Херцеговина, Данска и во други земји.[6]

Награда

уреди

Во 2010 година , романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ ја добил:[3][4]

  • Наградата за литература на Европската унија и

а во 2012:

  • Наградата за медитеранска култура

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Сестрата на Сигмунд Фројд“. goodreads.com. Посетено на 7 ноември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Sestra Sigmunda Frojda“. plus.cobiss.net. Посетено на 7 ноември 2022.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Sestra Sigmunda Frojda“. laguna.rs. Посетено на 7 ноември 2022.
  4. 4,0 4,1 Smilevski, Goce (2019). Sestra Sigmunda Frojda. Beograd: Laguna. ISBN 978-86-521-3431-1.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Goce Smilevski Sestra Sigmunda Freuda“. fraktura.hr. Посетено на 7 ноември 2022.
  6. „Сестрата на Зигмунд Фројд“. kupikniga.mk. Посетено на 9 јули 2023.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди