Сеништа (дански: Gengangere) — драма во три чина на норвешкиот писател Хенрик Ибзен. Напишана е во 1881 година, а својата праизведба ја имала во Чикаго, Илиноис, во 1882 година. Од страна на данска трупа на турнеја, во 1883 година била изведена во Хелсингборг, Шведска.

„Сеништа“
Првото издание на Сеништа, 1881
АвторХенрик Ибзен
Премиера20 мај 1882 (1882-05-20)
Место на премиераСала Аурора Тарнер, Чикаго, Илионис
Изворен јазикнорвешки, дански
Тематикаморал
Сценографија на Едвард Мунк за изведбата на Сеништа, 1906

Заедно со Куќата на една кукла, се смета за најпознатото дело на Ибзен, но не и најуспешно.

Во Сеништа, Ибзен застанал против семејната тиранија и почитувањето на правилата, кои во тоа време беа веќе мртви и бесмислени.[1] Поради својата тематика, која се однесува на верата, венеричните болести, инцестот и евтаназијата, по првите изведби оваа драма предизвикала силни контроверзии и негативни критики. Но, оттогаш, претставата била сè поприфатена и денес се смета за исклучително дело кое има и големо историско значење.

Ликови

уреди
  • Г-ѓа Хелен Алвинг, вдовица
  • Освалд Алвинг, нејзиниот син, сликар
  • Пастор Мандерс, стар пријател на Хелена Алвинг
  • Јакоб Енгстранд, столар
  • Регина Енгстранд, слугинка на г-ѓа Алвинг и наводно ќерка на Јакоб Енгстранд, која ќе открие дека всушност е дете на капетанот Алвинг, сопругот на Хелен, а со тоа и сестра на Освалд Алвинг.

Кратка содржина

уреди

Вдовицата Хелен Алвинг отвора сиропиталиште во спомен на нејзиниот покоен сопруг. Нејзиниот син единец штотуку се врати од Париз, каде го живеел животот на боемски уметник и развратник, а неговите ставови предизвикуваат гадење кај долгогодишниот семеен пријател, пасторот Мандерс. Но, Освалд не ја соблазнува својата мајка затоа што таа е свесна дека ограничените видици на малограѓанскиот конформизам, во кој таа самата го поминала својот живот, се засновани на лаги, а таква е и тајната што таа отсекогаш ја чувала од својот син. Откако се омажила за поручникот Алвинг, иако против нејзина волја, таа сакала да најде утеха во прегратките на долгогодишниот семеен пријател, строгиот пастор Мандерс. Сепак, тој ѝ наложува да се врати кај нејзиниот сопруг, потиснувајќи ја неговата сопствена склоност кон г-ѓа Алвинг.

Господин Алвинг, исто така, водел распуснички живот што неговата сопруга Хелен го криела од пасторот Мандерс, едноставно сакајќи да го задржи угледот на нејзиниот сопруг пред нејзиниот син. Домот за деца без родители што го изградила во чест на нејзиниот сопруг е нејзината последна лага, но нема да трае долго.

Поради гревовите на неговиот татко, Освалд се разболел од сифилис и е во опасност да го изгуби разумот, а љубовта на младата Регина, која пораснала во иста куќа, е неговата единствена шанса за среќа, но не долго. Неговата мајка му открива дека таа е дете на таткото на Освалд, па затоа и негова сестра. Регина бега од дома, а Освалд бара од мајка му да го отруе кога ќе полуди. Хелена се согласува, но ужасната отстапува кога Освалд се руши во фотелјата, повикувајќи го Сонцето.[2]

Животот на драмата

уреди

Делото доживеало голем број контроверзни реакции во своето време: норвешките книжарници одбивале да го продаваат, а глумците одбивале да ги играат Освалд и Регина. Одредено време била забранета во Берлин, додека критичарите во Англија ја прогласиле за неморална и непристојна. Меѓутоа била прифатена од париските заговорници на натурализмот.

Наводи

уреди
  1. Jovanović, Raško V. Leksikon drame i pozorišta. Jaćimović, Dejan,. Beograd. ISBN 9788607019991. OCLC 883837997.CS1-одржување: излишна интерпункција (link)
  2. Detoni Dujmić, Dunja. (2004). Leksikon svjetske književnosti : djela. Zagreb: Školska knjiga. ISBN 9789530611122. OCLC 439393362.

Надворешни врски

уреди