Семи Хејгар

американски рок-пејач

Сем Рој Хејгар (англиски: Sam Roy Hagar; роден на 13 октомври 1947), познат и како Црвениот рокер,[1] ― американски пејач, текстописец и гитарист. Кариерата ја започнал во 1973 година како пејач во хард-рок групата Montrose, а подоцна започнал успешна соло-кариера и во 1984 година го објавил хитот „I Can't Drive 55“. Во 1985 година го заменил Дејвид Ли Рот како главен пејач на Ван Хален. Ја напуштил групата Ван Хален во 1996 година, но се вратил во периодот од 2003 до 2005 година. Во 2007 година, Хејгар бил примен во Куќата на славните на рокенролот како член на Ван Хален. Неговиот музички стил првенствено се категоризира како хард-рок и хеви-метал.[2][3][4][5]

Семи Хејгар
Семи Хејгар на настап во 2008
Животописни податоци
Родено имеСем Рој Хејгар
Познат(а) и какоЦрвениот рокер
Роден(а)13 октомври 1947(1947-10-13)(77 г.)
Салинас, Калифорнија, САД
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
  • музичар
Инструменти
  • Пеење
  • гитара
Период на активност1972–денес
Издавачи
Мреж. местоredrocker.com

Хејгар како претприемач го основал брендот и ланецот ресторани за текила Cabo Wabo, како и румот Sammy's Beach Bar.[6] Денес тој е главен пејач на Chickenfoot и Sammy Hagar and the Circle.

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • Nine on a Ten Scale (1976)
  • Sammy Hagar (1977)
  • Musical Chairs (1977)
  • Street Machine (1979)
  • Danger Zone (1980)
  • Standing Hampton (1982)
  • Three Lock Box (1982)
  • VOA (1984)
  • I Never Said Goodbye (1987)
  • Marching to Mars (1997)
  • Red Voodoo (1999)
  • Ten 13 (2000)
  • Not 4 Sale (2002)
  • Livin' It Up! (2006)
  • Cosmic Universal Fashion (2008)
  • Sammy Hagar & Friends (2013)
  • Lite Roast (2014)
  • Space Between (2019)
  • Lockdown 2020 (2021)
  • Crazy Times (2022)

со Монтроуз

уреди
  • Montrose (1973)
  • Paper Money (1974)

со Ван Хален

уреди
  • 5150 (1986)
  • OU812 (1988)
  • For Unlawful Carnal Knowledge (1991)
  • Balance (1995)

со Chickenfoot

уреди
  • Chickenfoot (2009)
  • Chickenfoot III (2011)

Наводи

уреди
  1. Chris Woodstra, John Bush, Stephen Thomas Erlewine (2008) All Music Guide Required Listening: Classic Rock, Hal Leonard Corporation ISBN 0-87930-917-2 p. 234.
  2. Popoff, Martin (August 15, 2014). The Big Book of Hair Metal: The Illustrated Oral History of Heavy Metal's Debauched Decade. Voyageur Press. стр. 133. ISBN 978-0-7603-4546-7.
  3. Dicaire, David (October 1, 1999). Blues Singers: Biographies of 50 Legendary Artists of the Early 20th Century. McFarland. стр. 96. ISBN 978-0-7864-0606-7.
  4. Duncan, Randy; Smith, Matthew J. (January 29, 2013). Icons of the American Comic Book: From Captain America to Wonder Woman: From Captain America to Wonder Woman. ABC-CLIO. стр. 333. ISBN 978-0-313-39924-4.
  5. Strong, Martin C. „Sammy Hagar Biography“. Архивирано од изворникот на September 18, 2020. Посетено на June 14, 2021.
  6. „Rocker Sammy Hagar launches Maui-made rum in Waikiki, shares mai tai recipe by Sherie Char“. HAWAII Magazine. November 22, 2011. Архивирано од изворникот на May 2, 2012. Посетено на May 21, 2012.

Надворешни врски

уреди