Селма Риза (турски: Selma Riza, 5 февруари 1872 – 5 октомври 1931) била првата турска новинарка. Таа исто така била една од првите романописци на Турција. По нејзината смрт, нејзините роднини го презеле презимето Фераџели  (турски: Feraceli) па понекогаш е позната и како Селма Риза Фераџели.

Селма Риза
Роден(а)5 февруари 1872
Починал(а)5 октомври 1931(1931-10-05) (возр. 59)
Истанбул, Турција
Националносттурска
УстановаСорбона
Занимањеновинарка, писателка
ОрганизацијаКомитет за унија и прогрес
Турска црвена полумесечина
Познат(а) попрва турска новинарка

Животопис

уреди

Таа е родена на 5 февруари 1872. Нејзиниот татко бил Али Риза, дипломат на Отоманското Царство во Австроунгарија, а нејзината мајка се викала Наиле кој била потурчена Австријка.

По нејзиното образование кај приватни учители во Цариград, таа отпатувала за Париз, Франција во 1898 година за да се придружи на нејзиниот постар брат Ахмет Риза, кој бил член на Младотурското, движење.[1] Таа студирала на Универзитетот Сорбона во Париз, и била член на Комитетот за унија и прогрес (КУП). Селма Риза била единствената жена која активно членувала во оваа партија.

Во Париз, пишувала во два весници објавени од страна на КУП во Париз и тоа во Мечверет на француски и Шурај Химет на турски. Во 1908, Риза се вратила во Истанбул, каде што пишувала во два весници, "Весник за жени" (турски: Hanımlara Mahsus Gazete) и "Женски свет" (турски: Kadınlar Dünyası). Таа воедно била и генерален секретар на Турската црвена полумесечина помеѓу 1908-1913. Во текот на последните години од Отоманското Царство, напорно работела за да ја трансформира палатата Адиле Султан, кралска палата во Истанбул, во женско училиште. Со помош на нејзиниот брат, успеала во намерата и палатата се користела како женска гимназија сè до 1986 година, кога делумно изгорела во пожар.[2]

Селма Риза починала на 5 октомври 1931 година.[3]

Во 1892, на 20 годишна возраст, напишала еден необјавен роман со наслов "Пријателство" (турски: Uhuvvet). Тоа бил објавен во 1999 година, долго после нејзината смрт, од страна на Министерството за култура на Република Турција.[4]

Наводи

уреди
  1. Women's movement page (in Turkish)(турски)
  2. [„Adile sultan palace page (in Turkish)(турски)“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-08-28. Посетено на 2018-03-21. Adile sultan palace page (in Turkish)(турски)]
  3. [„Writers of turkey page (in Turkish)(турски)“. Архивирано од изворникот на 2019-03-31. Посетено на 2018-03-21. Writers of turkey page (in Turkish)(турски)]
  4. „Women's Museum page“. Архивирано од изворникот на 2019-03-27. Посетено на 2018-03-21.