Сончарка (риба)

видови риби
(Пренасочено од Сончаница (риба))

Сончарка (Lepomis gibbosus)[1] - ( латински: Lepomis gibbosus, Lepomus aututus, Lepomus cyanellus ) — мала слатководна риба, денес многу бројна во многу наши води од семејството Centrarchidae.

  • Латинско име : Lepomis gibbosus
  • Локални имиња : јапонски караш, жолтица, јапек, јапич, јапонец, свиланец.
  • Макс. должина : 15
  • Макс. тежина : 200 - 400
  • Време на мрестење : доцна пролет и во лето
Lepomis gibbosus

Опис и распространетост

уреди

Сончарка [1] има златни нијанси,портокалови колкови , светлозелен стомак и светлозелена задна страна со синкава боја, а по цело тело е прошарана со бронзено-кафеави и розови пруги. На образите има темни точки, наредени попречно. На периферниот дел на жабрите, женката има црна и портокалова, а машката има светлоцрвени и црни точки, кои се уште поизразени за време на мрестењето.

Телото на сончарката е високо и силно странично сплескано. Најголемата висина на телото се содржи 1,75 до 2 пати во должината на телото кое е прекриено со ситни лушпи. Грбната перка е доста голема и непотполно разделена на два дела. Аналната перка е доста слична на задниот дел на грбната перка. Првиот зрак на стомачните и аналната перка се коскени и неразгранети. Во градните перки нема тврди зраци. Целата риба е убаво шарено обоена. Бојата на грбот е маслинестозелена, прошарана со сино, страните се посветли и прошарани со неправилно расфрлени темнопортокалови и сиви флеки, какви што има и на главата. Стомакот е портокалов. На жабрениот капак има црна и темноцрвена флека. Жабрениот капак и делот зад и под окото се прекриени со лушпи. Сончарката природно живее во северна Америка (од Канада до Мексико). При крајот на деветнаесеттиот век е пренесена во Европа како украсна рипка. Случајно или намерно, раселена е во топловодните рибници и отворените води. Ја има и во нашата држава, во р. Вардар и некои притоки, во повеќе поголеми акумулации, во Преспанско Езеро, а од неодамна е регистрирана и во Охридско Езеро и Црни Дрим.[1]

Основни биолошки одлики

уреди

Живее во бавнотечечки и стоечки води. Најповеќе и одговараат бистри бари и езера. Групирана е во помали јата, во крајбережјето покрај некои од подводните препреки (подводни растенија, потопени дрва, корење, камења и сл.) Кај сончаницата половата здрелост настапува во третата година од животот. Се мрести од април до јули. За мрестење, мажјакот гради со опашката вдлабнати гнезда, во многу плитка вода, во кои женката ги положува јајцата. Икрата ја чуваат двата родитела. Ларвите излегуваат за неколку денови (2-8), зависно од температурата на водата. Максималната должина што можат да ја достигнат овие риби изнесува 30 см. Просечната големина обично изнесува од 10 до 15 см. Многу е агресивна и граблива риба. Се храни со разни безрбетници и мекотели, со икра од риби и мали рипчиња.[1]

Размножување

уреди

Се мрести во доцна пролет и во текот на летото, кога женската положува околу 50 000 јајца во должината на брегот. За разлика од каде е многу поголема, воЕвропа може да порасне до 15 .

Навики, живеалиште, распространетост

уреди

Сончарката најмногу ја има во Северна Америка односно јужните делови. Таа е пренесена во Европа како аквариумска риба поради невообичаено убавиот изглед. Се шири низ реките и езерата, со невнимание на луѓето, брзо се прилагоди на новите услови и, благодарение на брзата репродукција, сериозно загрозени многу природни европски видови. Таа најмногу се снашла во топлите, плитки, застојани води со многу билки, но исто така успеа да се одржи и во некои ладни лососидни води. Иако е мал по раст, тој е многу агресивен и граблив. Како и многу видови риби кои се транспортирани од Северна Америка во Европа, сунчицата се храни со сите водни животни што успевва да ги улови и проголта, вклучувајчи и млади риби и икра, па затоа го нарекуваат „рибина корова“. Сончарката пожртвувано ги чува своите јајца и млади, и благодарение на тоа, за разлика од повеќето европски видови, многу брзо се размножува во водите каде е намален бројот на грабливи риби ( штука, сом ). Во Србија се наоѓа во Дунав и нејзините притоки, а може да се најде и во некои канали и езера.

Значење

уреди

Поради живописните бои се одгледува во аквариуми. Внесена во рибници, може да направи големи штети на икрата и подмладокот. Има бело и вкусно месо, без ситни коски. Бидејќи нема природни непријатели причинува огромни штети кај домородните видови риби со стопанско или рекреативно значење.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Службен весник на Р.М. бр.145 2011 година