Окото на Ра
Окото на Ра е битие во Египетската митологија кое функционира како женскиот пандан на богот на сонцето Ра и како сила која ги покорува неговите непријатели. Окото е продолжение на моќта на Ра, се поистоветува со Сончевиот диск, но тоа, исто така, се однесува како независен ентитет, кој може да биде претставен од широк спектар на египетски божици, вклучувајќи ги Хатор, Секмет, Баст, Ваџет и Мут. Божицата на окото делува како мајка, сестра, сопруга и ќерка на богот на сонцето. Таа е неговиот партнер во креативниот циклус во кој тој се раѓа како обновена форма на себе во раните утрински часови. Насилниот аспект на окото го брани Ра против агенти на нарушување кои го закануваат неговото владеење. Овој опасен аспект на божицата на окото е често претставена од страна на лавица или од страна на уреј, или кобра, симбол на заштита и кралски авторитет. Како апотропејска моќ, Окото често се поистоветува со Окото на Хорус, кое во други случаи е посебен концепт.
Окото на Ра било вклучено во многу области на Египетската религија, вклучително и во култовите на многу божици кои се поистоветуваат со него. Неговата животворна енергија била прославувана во храмски ритуали, и неговиот опасен аспект бил повикуван за заштита на фараонот, светите места и обичните луѓе и нивните домови.
Оваа статија поврзана со митологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |