Ваџет
Ваџет позната во грчкиот свет како Уто или Буто, првично била античката локална божица на градот Деп (Буто), која станала дел од градот кои Египќаните го именувале Пер-Ваџет - Домот на Ваџет, град кој бил важно место во преддинастичката ера на Стар Египет и на културниот развој на Палеолитот. Таа била патрон и заштитничка на Долен Египет и на после обединувањето со Горен Египет, заеднички заштитник и патрон на целиот Египет. Сликата на Ваџет со Сончевиот диск се нарекува уреј, и тој бил амблемот на круната на владетелите на Долен Египет. Таа исто така била заштитничка на кралевите и на жените при породување.
Ваџет била тесно поврзана во египетскиот пантеон со Баст, жестоката божица прикажана како лавица-воин и заштитничка, како божица на сонцето чие око подоцна стана окото на Хорус и окото на Ра. Многу подоцна, Ваџет стана поврзана со Изида, како и со многу други божества.
Оваа статија поврзана со митологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |